Ковачевски за МИА: Нема да има нов или подобар договор, ниту друга преговарачка рамка

Едно нешто на сите нас во државата треба да ни биде јасно - нема да има подобар договор, нема да има, нов договор, нема да има друга преговарачка рамка. И ова е единствената вистина, која не ја кажувам јас, не ја вели СДСМ, Владата, тоа е ставот на Европската Унија, вели Ковачевски за МИА

-

Како држава не смееме да направиме историска грешка и да ја пропуштиме единствената шанса Северна Македонија после децении да ја постигне својата друга стратешка цел – да стане членка на ЕУ. На ова предупредува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Медиумската информативна агенција (МИА).

Премиерот ги повика пратениците и опозицијата да дадат поддршка на измената на Уставот, со што ќе обезбедат „европска иднина на земјата и за идните генерации“.

Тој го потенцираше ставот на ЕУ дека нема да има нов подобар договор, ниту пак друга преговарачка рамка и оти ова треба да им биде јасно на сите во државата.

„Ние имаме обврска да им оставиме на идните генерации европска Македонија, не треба да се калкулира со следните чекори, треба да се донесе одлука и да продолжи државата на европскиот пат. Само на тој пат ние ќе си го зачуваме она што го имаме во однос на историскиот, културниот и јазичниот идентитет, само на тој начин ќе си ги зајакнеме позициите кон меѓународната заедница и партнерите и воедно ќе ја подобриме сегашната состојба“, вели Ковачевски во интервјуто.

Ковачевски рече дека одлуката за уставните измени, а со тоа и продолжувањето на државата по европскиот пат зависи „од нас самите“, а одговорноста е пред сите општествени чинители, пред сите сериозни парламентарни партии, пред сите пратеници.

„Ова е многу специфичен случај кога за прв пат, ветото може да дојде одвнатре. А тоа не смееме да си го дозволиме. Јас лично верувам дека Северна Македонија, пратениците нема да ја испуштат оваа историска шанса. По 17 години чекање, во јули, минатата година, конечно ги отворивме преговорите преку изнаоѓање на квалитетно решение, достоинствено пред сѐ и со заштитени национални и идентитетски определби. Решение кои ги запази сите наши државни и национални позиции“, вели Ковачевски во интервјуто.

Лесна заработка, тешки последици – како функционира онлајн пирамидалната шема „Конти“?

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е 'гледај за да заработиш', со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери...