fbpx

Нигер го затвора воздушниот простор, истече рокот за враќање на претседателот

Претставник на хунтата рече дека имаат информации оти „странска сила“ се подготвува да го нападне Нигер

-

Водачите на државниот удар во Нигер го затворија воздушниот простор на земјата, наведувајќи ја како причина заканата од воена интервенција од соседните земји.

Интернет-страницата за следење на летови „Flightradar24“ покажува дека во моментов нема авиони на небото над Нигер, пренесува Би-би-си.

Групата земји од Западна Африка – Ековас, претходно предупреди дека може да употреби сила доколку претседателот Мохамед Базум не биде вратен на функцијата до 23 часот по Гринич во неделата, а хунтата се откаже од власта.

Ековас претставува регионален трговски блок од 15 западноафрикански земји, вклучувајќи ги и Нигерија, Сенегал, Того и Гана.

Портпаролот на хунтата вели дека вооружените сили на Нигер се подготвени да ја бранат земјата.

Читајќи изјава на национална телевизија во неделата, претставник на нигериската хунта рече дека имаат информации оти „странска сила“ се подготвува да го нападне Нигер.

По кризниот состанок во Нигерија, воените началници на Ековас во петокот изјавија оти подготвиле детален план за можна употреба на сила.

Претседателот Базум беше приведен на 26 јули, а генералот Абдурахман Тчаини – командант на претседателската гарда, подоцна се прогласи себеси за нов лидер.

Ваквото воено преземање на власта беше осудено на меѓународно ниво, вклучително и од поранешната колонијална сила Франција, остатокот од ЕУ, како и САД и Обединетите нации.

Илјадници поддржувачи на хунтата вчера се собраа на стадионот во главниот град Ниамеј, поздравувајќи ја одлуката пучистите да не се откажат од преземањето на власта, пренесува Гардијан.

Овој преврат – седми по ред во западна и централна Африка во последните три години – го потресе регионот Сахел кој е еден од најсиромашните во светот. Поради богатството со ураниум и нафта и клучната улога во војната против исламистичките милитанти, Нигер има големо значење за САД, Европа, Кина и Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...