среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: повредени | 527 резултати

Израелски тенкови убија 59 Палестинци во Газа додека се обидувале да добијат хуманитарна помош

18 јуни 2025

Израелски тенкови отворија оган врз толпа луѓе кои се обидувале да добијат помош од камиони во Газа во вторникот, при што загинале најмалку 59 лица, според медицински извори на Ројтерс. Ова е еден од најкрвавите инциденти досега во ескалацијата на насилството додека очајни жители се борат за храна. Видео објавено на социјалните мрежи прикажува околу […]

Родителите на загинатите во „Пулс“ порачаа: Не ги убивајте уште еднаш нашите деца

15 јуни 2025

По поднесувањето на обвинителниот акт за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, родителите на загинатите упатија јавно барање до Обвинителството, со кое бараат транспарентно, детално и лично објаснување за тоа кои лица се опфатени, кои се изземени од одговорност и врз основа на што. Нивната реакција доаѓа веднаш по прес-конференцијата на Јавното обвинителство, на која […]

Одморалиштето Пониква ќе се користи за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во трагедијата во Кочани

8 јуни 2025

Владата планира одморалиштето Пониква, сопственост на Министерството за внатрешни работи, да го стави на располагање на Министерството за здравство, со цел да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на лицата повредени во пожарот во Кочани. Информацијата ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, нагласувајќи дека станува збор за суштинска институционална мерка […]

Комбе удри во навивачи во Ливерпул – 45 повредени во напад кој полицијата не го смета за терористички

27 мај 2025

Вчера 53-годишен Британец со комбе удри во толпа навивачи на Ливерпул кои го славеа шампионскиот трофеј од Премиер лигата, повредувајќи повеќе од 45 луѓе и претворајќи ја радоста во страв и паника, објави Асошиејтед прес. Полицијата соопшти дека возачот делувал сам и дека инцидентот не се третира како терористички напад. Според Дејв Китчин од Брзата […]

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

29 април 2025

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во Скопје, Јавното обвинителство објави отворен повик за информации, докази и лични сведоштва. На веб-страницата на обвинителството (jorm.gov.mk) е поставен формулар кој како што соопштија […]

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

27 април 2025

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од мајките на загинатите деца побара одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и од сите надлежни […]

Загинаа 26 лица и 17 се повредени во напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир

23 април 2025

Најмалку 26 лица загинаа, а 17 се повредени во вооружен напад врз туристи во индискиот федерален регион Џаму и Кашмир, соопшти полицијата. Овој напад, кој се случил во вторникот во пределот Пахалгам, е најсмртоносниот врз цивили во Индија во последните речиси две децении, пренесе Ројтерс. Според информациите, меѓу загинатите има 25 индиски државјани и еден […]

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

19 април 2025

Со пораки за правда, болни сведоштва и апели за одговорност, денеска по третпат се одржа протестниот марш „Задоцнета реакција“ во Кочани, во знак на сеќавање на 62-те жртви од трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“. Семејствата на загинатите, заедно со стотици поддржувачи и граѓани, повторно побараа целосно расветлување на случајот и санкционирање на сите одговорни […]

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

19 април 2025

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата учествувале три патнички возила – „мерцедес“ управуван од З.Д. (64) од Битола, „форд“ управуван од А.Р. (63) од кичевското село Горно Страгомиште, и […]

Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, тројца загинати, осум повредени

19 април 2025

Три лица загинаа, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Кичево–Гостивар. Во несреќата учествувале три возила, а увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случи ноќта на 18 април нешто пред 21 часот помеѓу Кичево […]

Уште една жртва од пожарот во Кочани, почина пациент во Белград

17 април 2025

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинска Академија во Белград денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. „Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој […]

Министерство за здравство: За наредниве денови се најавени исписи на пациенти повредени во Кочани

6 април 2025

Во моментов во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица повредени во пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, соопштија денес од Министерството за здравство. Од таму велат дека еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга земја каде лицето има здравствено осигурување. Додаваат […]

Нема промени во здравствената состојба на сите повредени од Кочани

5 април 2025

Министерството за здравство денеска информираше дека во моментот кај сите 69 пациенти кои се на лекување во странство нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета е и состојбата на пациентите кои се во критична состојба. Во домашните медицински установи се лекуваат 15 пациенти, во Хируршката клиника ,,Св Наум Охридски”, шестмина, на […]

Амбасадорот Адеми: Во Мадрид донесени седуммина повредени во Кочани

20 март 2025

Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми, објави на социјалните мрежи дека вечерва во Мардид пристигнале седуммина повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година во кој животот го загубија 59, а беа повредени на 190 лица. „Вечерва во Мадрид пристигнаа седум пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани. Сместени […]

За транспорт и сместување на семејствата на повредените Владата потрошила безмалку 60.000 евра

20 март 2025

Вкупно 142 повредени лица од пожарот во Кочани, во моментов се лекуваат во европските земји. Оваа ситуација постојано се менува и има нови лица кои се згрижуваат, но досега за хотелско сместување и транспорт на семејствата на повредените, Владата издвоила безмалку 60.000 евра, информираат за Мета оттаму. „Повредени лица на лекување има во Белград, Загреб, […]

Бројката на починати во кобниот пожар во Кочани НЕ се искачи на 70

20 март 2025

Станува збор за дезинформација која манипулира со бројот на починатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во објавата нема ни информација како е дојдено до наводната повисока бројка на починати која „неофицијално“ се дознава. Настрана фактот што во услови на национална трагедија, каде што има жртви, повредени и нивни семејства, бројките за починатите и состојбата […]

Контраспин: Парадата на Мицкоски и Таравари низ болниците е чист популизам

20 март 2025

Според кој закон премиерот и министерот за здравство имаат обврска да посетуваат пациенти во тешка состојба – и физичка и психичка, по онаква траорна несреќа како во кочанската импровизирана дискотека што министерот за внатрешни работи ја нарече штала? Простете, ама тоа е чист популизам. Нема друго објаснување за парадата низ болниците кои не беа во […]

Таравари: Поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани

19 март 2025

Министерот за здраство и вицепремиер Арбен Таравари утрово имаше изјава за медиумите пред ургентниот центар во Скопје каде што ја информираше јавноста дека до сега се поминати 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани. Вкупно се третираат 178 пациенти низ различни установи. Од тие 64 се во […]

Таравари: 47 повредени ќе се лекуваат во странство, лекари од Израел, Србија и Чешка ќе дојдат кај нас на помош

16 март 2025

Повеќе од 45 повредени од пожарот во дискотека во Кочани ќе се лекуваат во странство. Министерот за здравство Арбер Таравари рече дека тоа се најкритичните повредени. Во Солун веќе се пристигнати тројца, во Бугарија се заминати и сместени 14 пациенти од кои во Софија ќе се лекуваат осумина, а во Пловдив и Варна по тројца. […]

Најтешко повредените од пожарот ќе се транспортираат во болници во странство

16 март 2025

Најтешко повредените лица од синоќешниот пожар во дискотека во Кочани ќе се транспортираат на лекување во странство. Како што информираше министерот за здравство Арбер Таравари, пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Србија, а помош била понудена и од Турција, Холандија и други држави „Според анестезиолозите, 18 до 20 пациенти кои се покритични […]

Страна 1 од 27