fbpx

Руски дронови удрија на Харкив синоќа, четиримина цивили се повредени

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, врз украинските воени позиции во изминатите 24 часа руските сили извршиле девет ракетни напади, 99 воздушни напади и 129 напади со повеќецевни ракетни лансери

-

Во рускиот напад со дронови од иранско производство „Шахид“ доцна синоќа во градот Харкив на североистокот на Украина, погодени се станбени згради, возила и една продавница, а повреди задобиле тројца мажи и една жена, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Цел на нападот биле цивилни цели во населбите Слобидски и Салтивски. Биле лансирани 6 дрона „Шахид“, два од нив биле соборени, а преостанатите четири ги погодиле целите околу 22.45 часот.

Претходно руските сили извршиле бројни артилериски напади на 17 населени места во регионот, а биле биле вршени и ракетни напади.

Артилериски напади од руска страна се извршени и врз градот Херсон, при што еден 62-годишен маж бил повреден. Забележани се дури 53 напади врз овој голем град и врз неговата околина.

Во регионот Запорижја, руските сили извршиле 156 напади врз 24 населени места, при што нема цивилни жртви.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, врз украинските воени позиции во изминатите 24 часа руските сили извршиле девет ракетни напади, 99 воздушни напади и 129 напади со повеќецевни ракетни лансери.

Според истиот извор, украинските сили во текот на изминатите 24 часа елиминирале 1.090 руски војници, со што билансот од 24 февруари 2022 до полноќ се искачил на 385.230 војници. Генералштабот на вооружените сили на Украина информира и дека досега се елиминирани 6.310 тенкови на рускиот непријател, 11.575 оклопни борбени возила, 9.195 артилериски системи, 663 системи за противвоздушна одбрана, 332 борбени авиони, 324 хеликоптери и друго вооружување и воена опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...