fbpx

Интензивни борби во Авдиивка во Украина, украинските сили возвраќаат на руските напади

Судири има и во другите украински региони на истокот и на југот на земјата. Во регионот Запорижја биле одбиени три руски напади

-

Ситуацијата во областа Авдиивка во украинскиот регион Донецк и во текот на изминатото деноноќие била тешка, со голем број руски офанзивни дејствија, на коишто сепак украинските одбранбени сили ефикасно реагирале, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Руската офанзива почна пред два дена, со поддршка од оклопни возила кај Авдиивка и Маринка. Се вршеле и се вршат и воздушни напади, како и наведувани бомби.

Во текот на вчерашниот ден, украинските сили одбиле 42 руски напади, а во првиот ден од офанзивата се одбиени 49 руски напади при што се уништени 11 руски тенкови и 15 различни оклопни возила.

Руските напори се насочени на север и на југ од Авдиивка.

Судири има и во другите украински региони на истокот и на југот на земјата. Во регионот Запорижја биле одбиени три руски напади.

Утрово е извршен и артилериски напад на градот Херсон, при што двајца цивили се повредени. Станува збор за двајца мажи, на возраст од 54 и 29 години.

Гранатирање е извршено и во градот Купјанск во регионот Херсон, при што еден 73-годишен цивил е убиен, а 79-годишен маж задобил повреди и е пренесен в болница. Нанесени се сериозни штети на неколку куќи.

Руските сили го гранатирале и Очакив, во регионот Миколаив. Извршени се три артилериски напади, при што се оштетени станбени згради, електрични и комуникациски кабли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...