fbpx

В петок ќе се одржи 16-тиот Марш на црвените чадори

Сексуалните работници, здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, ќе го одржат Маршот во рамки на овогодинешната кампања „5353 денови до правда“

-

Во пресрет на одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, во петок (15 декември) ќе се одржи 16-тиот Марш на црвените чадори, информираат од Здружението СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот.

Сексуалните работници, здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, ќе го одржат Маршот во рамки на овогодишната кампања „5353 денови до правда“.

Традиционалниот Марш на црвените чадори ќе се одржи во петок со почеток во 12 часот. Маршот ќе започне на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ и ќе заврши на плоштадот „Филип II“. Пред почетокот на маршот, претставници на заедницата и организаторите ќе дадат изјави за медиумите.

„Со овогодинешната кампања „5353 денови до правда“, одбележуваме 15 години од сензационалистичката полициска акција „Сузбивање на улична проституција“ од страна на Министерството за внатрешни работи, во која беа приведени 23 сексуални работнички и на кои им беше повредено правото на приватност со јавно споделување на нивни фотографии на веб-страницата на МВР. Долгогодишната правна битка за правда на сексуалните работнички по полициската акција „Сузбивање на улична проституција“ во ноември 2008, најпосле заврши со пресуда на ЕСЧП во 2023 година, по жалбата поднесена во 2017 година и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...