fbpx

Деветмесечно бебе и неговата мајка меѓу повредените во руските напади врз Херсон

Жената и доенчето биле хоспитализирани со умерени рани, а во нападот бил повреден и лекар од Црвениот крст

-

Четири лица, меѓу кои и деветгодишно девојче, се повредени во рускиот ракетен напад врз областа Константинивка во украинскиот регион Донецк што се случи утрово, објави украинската државна новинска агенција „Укринформ“.

Руските напаѓачи лансирале крстосувачка ракета „Искандер“ околу 6 часот и 25 минути утрово, при што мета била станбена зграда. Во експлозијата биле повредени четири лица – 9-годишното девојче, нејзината 44-годишна мајка, 64-годишна жена и нејзиниот 41-годишен син.

Според извештајот на украинските институции, како последица од нападот, цивилите се здобиле со модринки и потрес на мозокот.

Во рускиот напад во областа Херсон во јужна Украина, пак, повредени се 27-годишна жена и нејзиното деветмесечно бебе, пренесува „Гардијан“. Жената и доенчето биле хоспитализирани со умерени рани, а во нападот бил повреден и лекар од Црвениот крст, информираше гувернерот на регионот, Олександр Прокудин. Оштетени биле неколку куќи и гасоводот.

Во текот на изминатото деноноќие, руските трупи гранатирале пет области и во Харкив.

Укринформ информираше и за 133 руски напади врз над дваесет населени места во регионот Запорижја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...