fbpx

Жестоки напади изминатово деноноќие во Украина, повредени се цивили

Непријателот извршил и повеќе воздушни напади, меѓу другото и со дронови, па има повредени цивили, јавува украинската државна новинска агенција Ukrinform.net

-

Во текот на изминатите 24 часа, во Украина се случиле 30 вооружени судири меѓу руските агресорски сили и украинската одбрана. Непријателот извршил и повеќе воздушни напади, меѓу другото и со дронови, па има повредени цивили, јавува украинската државна новинска агенција Ukrinform.net.

Украинското воено воздухопловство извршило девет воздушни напади врз руска жива сила, складови со муниција и воена опрема, а дополнително се извршени и пет напади врз руски ракетни системи земја-воздух, нагласува Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук.

Се случиле и 30 копнени битки на фронтовите, при што украинските сили продолжиле со напредување кон Мелитопол, задржувајќи ја територијата. На тој фронт, украинските ракетни и артилериски единици погодиле 10 непријателски артилериски системи во позиција на готовност и еден систем земја-воздух.

Руските единици, пак, извршиле еден ракетен напад и 78 воздушни напади, а со повеќецевни ракетни лансери 78 пати стрелале врз украинските борбени позиции и врз население места. Пријавени се случаи на повредени цивили и штети на куќи, згради и цивилна инфраструктура.

Напади и судири имало и во сите други територии долж фронтовските позиции.

Украинците собориле шест непријателски дронови во регионот Днипропетровск.

Во регионот Одеса биле соборени 17 руски дронови, но сепак во трииполчасовниот напад нанесени се значителни штети, при што се погодени и живеалишта, магацини и поговни во областа Измаил. Предизвикани се пожари на куќи од соборените дронови или од директните напади.

Во околу 100 артилериски напади во регионот Запорижја врз цивилни цели, нанесени се значителни штети и повредени се тројца цивили.

Во регионот Херсон испукани се 271 артилериски гранати во 57 руски напади, при што еден цивил го загубил животот, а петмина други биле повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...