Долгоочекуваната игра Старфилд е достапна за гејмерите

Играта е извонредна и навлегува во истражување на Космосот какво што речиси не е видено претходно комбинирајќи ги елементите на Скајрим со оние на Стар Ситизен. Таа е мега популарен хит во светската гејмерска заедница.

Фотографија преземена од вебсајтот на Starfield
Фотографија преземена од вебсајтот на Starfield - https://bethesda.net/en/game/starfield

Долгоочекуваната игра Старфилд (Starfield) излегува на 6 септември, но во меѓувреме може и сега да се активира ако го купите Премиум изданието што чини 100 евра или да се купи преку Pre-purchase за 70 евра на Стим (Steam). Погледнете го најновиот трејлер за играта за која имаме и претходни написи:

Јутјуберите и гејмерските сајтови веќе објавија многу новитети за играта од играњето на Премиеум верзијата што ќе ви ги презентираме во овој напис.

Велат дека играта е одлична, но се развива побавно од некои други слични игри и слично на многу популарната Final Fantasy XIV, треба да се навлезе длабоко за да се почувствуваат вистинските карактеристики.

Играчите што ја тестираа играта велат дека најзабавниот дел е што можете да станете вселенски пират и да одите од планета на планета од еден ѕвезден систем на друг. Како интересна се посочува и опцијата при вселенските патувања да освојувате бродови со директно влегување во нив.

За самите вселенски патувања има и систем со точки на мапа до кои можете веднаш да се телепортирате -дури и може да се скокне генеричната анимација со вашиот брод како слетува токму на таа планета. А, наместо да патувате долго низ вселената можете да преминувате огромни дистанци со двоен клик.

Повеќето релевантни гејминг критичари велат дека главната приказна е линеарна, додека споредните квестови нудат поголем спектар на морални одлуки. Исто така има и можност за романси со членови на вашиот екипаж. Во суштина приказната се врти околу барањето и откривањето на голем број артефакти од претходна цивилизација која имала понапредна технологија. Нивоата со вакви структури со артефакти имаат многу репетитивни елементи.

Велат дека инвентарот за разлика од Фолаут (Fallout) и Скајрим (Skyrim) каде беа прикажани две табели овде е со само една табела. И самиот инвентар во вселенските бродови не собира многу опрема.

Во Старфилд е дозволено да се дизајнираат вселенски бродови со посебни компоненти. Графиката е впечатлива со особен акцент на деталите на бродовите, а и експресиите на ликовите се одлично сработени.

Што се однесува до планетите знаеле често да бидат напуштени и со мал број на билки и чудни суштества што можете да ги скенирате. Но, во секоја варијанта има база на доселеници.

Играта е извонредна и навлегува во истражување на Космосот какво што речиси не е видено претходно комбинирајќи ги елементите на Скајрим со оние на Стар Ситизен. Таа е мега популарен хит во светската гејмерска заедница.