Жестоки борби меѓу украинските и руските сили кај градот Авдивка

Русија се обиде да отпочне офанзива за обиколување на овој град во близина на Донецк, но засега претрпува големи загуби

-

Руските и украинските сили водат жестоки борби во околината на градот Авдивка во Донецкиот регион, пренесува весникот Гардијан. Русија се обиде да отпочне офанзива за обиколување на овој град во близина на Донецк, но засега претрпува големи загуби. Поради тоа, Русија сега применува и силни воздушни напади на Авдивка. Украинскиот генералштаб информираше дека само во изминатово деноноќие биле убиени 800 руски војници во борбите долж целиот фронт во Украина.

Русија продолжи и со ракетирањата на населени места во Украина. Најмалку две лица загинаа во артилериски напад врз село во близина на градот Купјанск во Харкивскиот регион. Изминатава ноќ бил извршен и напад врз критичен инфраструктурен објект во регионот Хмелницки, при што најмалку 16 украински цивили биле повредени.

Украинската противвоздушна одбрана изминатава ноќ соборила 11 дронови од иранско производство, кои биле лансирани од Русија кон неколку украински региони – Черказија, Херсон, Полтава, Житомир, Хмелницки и Миколаив. Во Херсонскиот регион руските сили во воздушни напади фрлиле 13 бомби, при што се стравува дека во еден од погодените објекти има жртви во урнатините и во моментов спасувачките екипи работат на терен.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно обраќање ја истакна намалената руска контрола врз Црното Море и привремените коридори за жито во Украина.

За време на говорот на самитот на Кримската платформа, украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе го задржи воениот притисок врз полуостровот Крим окупиран од Русија.

Инаку, германската новинска агенција ДПА јавува дека германскиот воен гигант Рајнметал стартуваше со работа во Украина преку заедничкиот проект со украинска државна фирма. Новата компанија Rheinmetall Ukrainian Defence Industry LLC е со седиште во Кијив, при што за почеток ќе склопува воени возила од асортиманот на Рајнметал. Германскиот гигант контролира 51 отсто од капиталот.

Германската компанија од минатата година доставува широка палета на вооружување и опрема за Украина, вклучувајќи и оклопни борбени возила.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...