fbpx

Илјадници украински деца се однесени во Белорусија, покажува истражување на универзитетот Јеил

Многу од децата биле изложени на политичко и културно образование, како и воена обука за да им служат на политичките интереси на Белорусија и Русија

-

Повеќе од 2.400 украински деца на возраст меѓу шест и седумнаесет години биле однесени во објекти низ Белорусија по руската инвазија врз Украина, обелодени истражувањето објавено од американскиот универзитет Јеил.

Многу од децата биле изложени на политичко и културно образование и воена обука за да им служат на политичките интереси на Белорусија и Русија, пренесува Укринформ.

Извештајот открива дека службениците вклучени во овие операции за таргети имале деца од ранливи категории, како деца со попреченост, деца од семејства со ниски приходи, деца на воени лица и деца без родители.

„Овие деца се преселени во Белорусија или Русија, потенцијално без согласност на нивните семејства или без јасен пат да се вратат дома“, соопшти Стејт департментот, додавајќи оти извештајот заклучува дека операциите биле координирани на највисоките нивоа на двете влади и биле олеснети од руските и белоруски безбедносни сили.

Украинскиот јавен обвинител во мај годинава изјави дека ја истражува наводната улога на Белорусија во присилното пренесување на повеќе од 19.000 идентификувани деца од териториите окупирани од Русија по избивањето на конфликтот. Вкупниот број, според некои експерти и организации, е далеку поголем.

Наодите од Лабораторијата за хуманитарни истражувања на Факултетот за јавно здравје при Јеил, а чие истражување било финансирано од американскиот Стејт департмент, се најобемните досега за наводната улога на Белорусија во руската програма за преселување украински деца.

Во мај, шефот на белорускиот Црвен крст призна дека организацијата била вклучена во носењето украински деца во Белорусија од украинските области окупирани од Русија, потсетува Гардијан.

Од другите случувања поврзани со Украина – украинскиот претседател Зеленски пред новинарите изјави дека руските сили најверојатно складираат проектили за напади врз енергетските капацитети на неговата земја во текот на претстојните зимски месеци, пренесе Гардијан.

Во руско гранатирање врз јужната украинска област Херсон во изминативе 24 часа загинале шест лица, а повредени биле уште десет, јави Укринформ.

Европската комисија предложи 12-ти круг санкции против Москва, а меѓу нив и ограничувања за голем број поединци кои го вклучуваат синот на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, како и роднина на Владимир Путин.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...