четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Белорусија | 55 резултати

Илјадници украински деца се однесени во Белорусија, покажува истражување на универзитетот Јеил

ноември 17, 2023

Повеќе од 2.400 украински деца на возраст меѓу шест и седумнаесет години биле однесени во објекти низ Белорусија по руската инвазија врз Украина, обелодени истражувањето објавено од американскиот универзитет Јеил. Многу од децата биле изложени на политичко и културно образование и воена обука за да им служат на политичките интереси на Белорусија и Русија, пренесува […]

Русија може да ја искористи Белорусија за да ја ескалира воената агресија врз Украина

октомври 15, 2023

Русија може повторно да се обиде да ја искористи Белорусија во секој момент за да ја ескалира својата агресија против Украина. Ова го изјави портпаролот на Украинската државна гранична служба Андриј Демченко на националната телевизија, јави Укринформ. Тој истакна дека сега е неопходно да се има силна одбрана за да се одвратат какви било активности, […]

Полска обвини дека два белоруски воени хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

август 2, 2023

Министерството за одбрана на Полска ја обвини Белорусија дека два нејзини воени хеликоптери го нарушиле полскиот воздушен простор, навлегувајќи на 1 август на нејзина територија во регионот Бјаловеж, пренесува Ројтерс. Полските власти информираат дека станува збор за белоруски хеликоптери „Ми-24“ и „Ми-8“, а првите снимки од инцидентот се појавија утрово на Фејсбук. Белоруските хеликоптери летале […]

Присуството на „Вагнер“ во Белорусија би можело да е опасност за балтичките земји

август 1, 2023

Дел од земјите на НАТО се загрижени дека платениците на „Вагнер“ би можело да предизвикаат проблеми во Белорусија, бидејќи нивната група би можела да се обиде да организира напад преку кој би ја одвоил територијата на балтичките земји од останатите членки на НАТО, пишува Јуроњуз. На ова предупредуваат и експерти кои ги контактирал Јуроњуз, при […]

Нема никакво спојување на Русија и Белорусија

јули 12, 2023

Постот пренесува лажна изјава на Песков врз основа на која дезинформира дека ќе има некакво спојување на Русија и Белорусија. Нашата проверка покажа дека, ниту Песков дал изјава, дека со настапот на Путин на 26 јуни ќе биде одредена судбината на Русија, ниту пак, Путин во обраќањето објави некакво спојување со Белорусија. Тој во својот […]

Путин потврди дека првото нуклеарно оружје е преместено во Белорусија

јуни 17, 2023

Русија веќе ја стационираше првата серија тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, рече рускиот претседател Владимир Путин. Тој, како што пренесе Би-би-си, изјави дека тие ќе се користат само ако територијата или државата на Русија бидат загрозени. Американската влада вели дека нема индикации дека Кремљ планира да користи нуклеарно оружје за да ја нападне Украина. „Не гледаме […]

Русија ќе почне со поставување на нуклеарните ракети во Белорусија од 7-8 јули

јуни 9, 2023

Русија ќе постави тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, откако соодветните капацитети за нивно чување и примена ќе бидат готови – на 7 и 8 јули, најави рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи. „За најчуствителните прашања, за коишто се договаравме со Вас, се оди по планот. […]

НАТО: Планот на Путин да постави нуклеарно оружје во Белорусија е опасен

март 27, 2023

Планот на Владимир Путин да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е опасен и неодговорен чин и е закана за обврските на Русија за неширење на нуклеарното оружје, посочува НАТО. Русија го обелодени својот план за Белорусија во саботата, инсистирајќи дека Русија нема да ги прекрши своите ветувања за неширење на нуклеарното оружје. Портпаролот на […]

Белоруски суд ја осуди опозициската лидерка Тихановскаја на 15 години затвор

март 6, 2023

Белоруската опозициска лидерка (во егзил), Светлана Тихановскаја е осудена на затворска казна од 15 години од судот во Минск, пренесува Јуроњуз. Исто така, еден од водечките противници на режимот на Александар Лукашенко, Павел Латушко е осуден на затворска казна од 18 години, додека тројца други опозиционери – Марија Мароз, Волха Кавалкова и Сергеј Дилевски, добија […]

Белорусија со 10 години затвор го казни добитникот на Нобеловата награда за мир

март 3, 2023

Продемократскиот активист и добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјаљацки е осуден од судот во Белорусија на 10-годишна затворска казна, јавува Гардијан. Бјаљацки беше притворен во јули минатата година, при што беше обвинет за финансирање на антивладините протести во 2020 година и за затајување данок. Како основач на организацијата „Вјасна“, тој долги години се […]

Нов руски напад со дронови во Украина, еден загинат и четворица повредени во Хмелницки

февруари 27, 2023

Русија во текот на ноќта изврши нов напад со камикази-дронови на Украина, при што во градот Хмелницки во централниот дел на земјата едно лице загина, а четворица се повредени, пренесува Укринформ. Во Хмелницки имало три експлозии како резултат на нападот со дронови. Генералштабот на украинската армија информира дека ноќта меѓу 26 и 27 февруари биле […]

Протечен документ открива план на Кремљ да ја припои Белорусија до 2030 година

февруари 21, 2023

Додека целиот свет ја следи војната на Русија против Украина, Кремљ тивко ја припојува соседна Белорусија во својата орбита, пишува Киев Индипендент. Група европски и американски медиуми, вклучително и Киев Индипендент, добија документ од 17 страници, во кој наводно се опишани плановите на Русија да ја потчини Белорусија и да ја разбие нејзината независност. Документот […]

Зеленски предупредува за будност на белоруската граница, Соледар не е целосно окупиран

јануари 12, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Лвив изјави дека украинските сили мора да бидат подготвени за евентуален нов руски напад од правецот на Белорусија. Тој рече дека станува збор за силите што се наоѓаат долж целата украинско-белоруска граница, заедно со оние што се наоѓаат во пограничните украински региони со Белорусија, пренесува Гардијан. […]

Нема никакви докази дека Украина сака да ја вовлече Белорусија во војна

јануари 10, 2023

Белорусија која е клучен сојузник на Русија, повика Киев да спроведе целосна истрага откако ракетата С 300, се приближи до нејзината граница. Според Кирил Казанцев, офицер од белоруската одбрана,се разгледуваат две сценарија – првото е ненамерно, случајно лансирање од страна на Украина, а второто е намерна провокација од страна на украинските воени сили. Министерството за […]

Нови жртви од руските ракетни напади врз Украина

јануари 9, 2023

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени утрово во рускиот ракетен напад врз пазар во селото Шевченкове во Харкивскиот регион, пренесува Гардијан. Украинските власти информираат дека во нападот имало седуммина повредени, а во моментов на терен работат спасувачките екипи за помош на цивилните жртви. Ракетите врз пазарот биле истрелани од систем за противвоздушна одбрана […]

Руската воена база „Енгелс“ нападната со дрон, три лица загинаа

декември 26, 2022

Три лица загинаа во нападот врз руската воена база „Енгелс“ во близина на рускиот град Саратов, пренесува Би-би-си. Руското Министерство за одбрана преку соопштение обвини дека станува збор за украински дрон, кој го извршил нападот од воздух, и дека противвоздушната одбрана го соборила беспилотното летало, но наводно „како резултат на паѓањето на остатоци од дронот, […]

Русија трупа нови воени сили во Белорусија и не дозволува мир за божиќните празници

декември 15, 2022

Русија доведува дополнителни мобилизирани резервисти во Белорусија, додека белоруската армија врши проверка на борбената готовност на својата армија со одржување на воени вежби во северозападниот дел од земјата. Русија воената агресија врз главниот град на Украина, Кијив, во февруари годинава ја изврши преку навлегување од Белорусија, при што повторно се појавуваат стравувања дека руското раководство […]

За оштетувањето на Кримскиот мост Москва ја обвинува Украина, експлозивот патувал и низ Бугарија

октомври 12, 2022

Експлозивот којшто бил искористен за оштетување на Кримскиот мост бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија до Крим, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува весникот Гардијан. За организатор на експлозијата на камионот, руските власти го обвинуваат шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов. Официјална Москва настанот го оквалификуваше како терористички чин […]

Активисти за човекови права од Украина, Белорусија и Русија добитници на Нобеловата награда за мир

октомври 7, 2022

Нобеловата награда за мир за 2022 година им е доделена на белорускиот активист за човекови права Алес Бјалијацки, украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи и руската организација за човекови права „Меморијал“, соопшти денеска Нобеловиот комитет, пренесува весникот „Гардијан“. Активистот Бјалијацки во моментов се наоѓа во затвор поради политички мотивирани обвиненија за затајување […]

Страна 1 од 3