fbpx

Земотрес во Турција: Повредени се најмалку 23 лица

Голем број жители на Малатија испаничени скокнаа од прозорците плашејќи се дека нивните домови може да се урнат како резултат на потреси

-

Најмалку 23 лица се повредени во земјотресот што ја погоди провинцијата Малатија во источна Турција.

„23 наши граѓани, од кои 22 лица во Малатија и 1 лице во Адијаман, се повредени како резултат на пад или скок од височина“, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на Твитер.

Голем број жители на Малатија испаничени скокнаа од прозорците плашејќи се дека нивните домови можат да се урнат како резултат на потреси.

Земјотресот со јачина од 5,2 степени се случи вчера околу 21 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на 11 километри југозападно од градот Малатија.

Гувернерот на Малатија, Ариф Јилмаз, за новинската агенција Анадолу изјавил дека тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби се на терен. Тој додал дека според привичните информации во земјоресот била урната напуштена зграда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Младите во партиските програми за парламентарните избори

Додека земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај (среда), во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку,...