понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Бегалски камп | 29 резултати

Нигериската војска „случајно“ бомбардирала бегалски камп, повеќе од 100 загинати

17 јануари 2017

Авион на нигериската војска во акција против Боко харам „случајно“ бомбардирал бегалски камп, при што биле убиени повеќе од 100 бегалци, соопштија нигериските власти. Командант Лаки Ирабор потврди дека владин авион по грешка бомбардирал бегалски камп во североисточната област Ран, во близина на границата со Камерун. Во бомбардирањето се повредени повеќе бегалци и хуманитарни работници, […]

Снегот дополнително ги отежна условите за живот во бегалскиот камп Морија

8 јануари 2017

Илјадниците бегалци во бегалскиот камп Морија на Лезбос викендов се соочуваат со уште потешки услови за живот поради поларната температура и снегот на островот. Тенките летни шатори во кои живеат повеќе од 8.000 бегалци на Лезбос викендов се прекриени со снег и нов предизвик за бегалците е како да се заштитат себеси и своите работи […]

Избоден бегалец од Сирија на островот Хиос

27 декември 2016

Нов инцидент се случи во бегалскиот камп Суда на островот Хиос, кога пет лица брутално нападнаа бегалец од Сирија. Момчето на 26-годишна возраст било прободено повеќепати во градниот кош и во раката. Повредениот бегалец сам успеал да дојде до болницата на островот и колабирал само што стигнал пред влезот. Извори од болницата за локалните медиуми на […]

Мигрант ранет со огнено оружје во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница

3 декември 2016

Непознато лице на 29 ноември пукало во група мигранти во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница. Во инцидентот еден од мигрантите биле ранет, потврдиле за телевизијата Н1 од српското министерство за внатрешни работи. Како што информирале оттаму, мигрантот бил ранет со куршум од мал калибар и кај него лекарите констатирале полесни повреди. Полицијата го […]

Борисов предупреди дека е можен терористички напад по немирите во бегалскиот камп

25 ноември 2016

Состојбата во бегалскиот камп во Харманли на југот на Бугарија се нормализира по безредијата и немирите, кои избувнаа вчера и продолжија во текот на ноќта. Повеќе од 400 мигранти се задржани во притвор поради вандалско однесување, а во нередите се повредени 24 полицајци, од кои најтешко настраданиот има скршеница на раката. Од Министерството за внатрешни […]

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по немири во бегалски камп

25 ноември 2016

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по судирите во бегалски камп на југот на Бугарија, во кој биле повредени и 14 полицајци, соопштија бугарски официјални претставници. Според портпаролката на бугарската полиција, Нина Николова, во нередите учествувале околу 2.000 мигранти, кои скандирале, палеле гуми и фрлале камења кон полицијата. Тензиите, како што пренесуваат локалните медиумите, ескалирале вчера, […]

Жена и дете загинаа во пожар во бегалски камп на Лезбос

25 ноември 2016

Жена и малолетно дете изгореа живи во пожар што синоќа избувна во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос. Починатите бегалци се 60-годишна жена и нејзиниот 5-годишен внук, двајцата Курди од Ирак, кои биле во Морија четири месеци. Трагедијата се случила ноќта, околу 23 часот, кога, според очевидци, експлодирала плинската боца на која жената готвела во […]

Нови инциденти во бегалскиот центар на Хиос

18 ноември 2016

Тензична е ситуацијата на островот Хиос, каде два дена по ред има постојани напади и немири во бегалскиот центар во Суда. Кампот вчера вечерта беше мета на непознати напаѓачи, кои фрлаа молотови коктели и други предмети, предизвикувајќи пожар и уништувајќи неколку шатори на бегалците. Покрај нападот на бегалскиот камп, на Хиос биле нападнати и двајца […]

Бунт и пожар во бегалскиот центар на Лезбос

24 октомври 2016

Бавната процедура за азил во Грција предизвика нови немири во бегалскиот камп Морија на Лезбос. Група од стотина бегалци, главно од Пакистан, подметнаа пожар во дел од кампот, во кој целосно се уништени осум од вкупно 12 контејнери на Европската служба за азил. Во кампот владее хаос и паника, пожарникарските служби се обидуваат да го стават […]

Двајца бегалци прегазени пред  бегалскиот камп Ореокастро во Солун

17 октомври 2016

Нова бегалска трагедија се случи во бегалскиот центар Ореокастро во Солун. Една Сиријка и нејзиното малолетно дете загинаа во сообраќајна несреќа, кога возилото на грчки возач удри во нив на патот надвор од бегалскиот камп. Полицијата веднаш го приведе и го уапси 76-годишниот возач, а неколку моменти пред апсењето, човекот успеа за влакно да избегне […]

Во неколку градови во Франција се одржaa протести поради мигрантите

8 октомври 2016

Французите денеска во повеќе градови протестираа поради мигрантите од бегалскиот камп во Кале, кој владата планира да го затвори. Неколку стотини демонстранти протестираа во градот Пјерфе поради одлуката на владата да ги смести мигрантите во напуштен оддел на психијатриска болница, додека чекаат одговор на барањата за азил. Жителите на Пјерфе стравуваат дека тие би можеле да […]

Жестоки судири меѓу бегалци на Лезбос

5 септември 2016

Бегалскиот камп Морија на островот Лезбос помина уште една пеколна ноќ. Ноќеска, околу полноќ, во кампот избија судири меѓу групи бегалци од Сирија, Авганистан и од Ирак. Во судирите има десетици повредени, а пет деца и двајца возрасни се пренесени на лекување во болницата во градот. Како што јавува грчката информативна агенција АПЕ, судирите избиле […]

Двајца Сиријци уапсени во Грција поради обид за силување на волонтерка од САД

6 август 2016

Грчката полиција уапси двајца бегалци од Сирија под обвинение дека се обиделе да силуваат волонтерка од Соединетите Американски Држави. Дваесетгодишната Американка, волонтер во бегалскиот камп кај Синдос во Солун пријавила дека тројца бегалци од Сирија се обиделе да ја силуваат за време на екскурзијата организирана за бегалците во Пиерија. Уапсените бегалци се на возраст од […]

Музалас: Грција ќе биде ставена на голем тест ако пропадне договорот со Турција за бегалците

4 август 2016

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, го демантира германскиот весник „Билд“ и коментира дека никогаш не изјавил дека  ЕУ мора да смисли план Б за бегалската криза. Во демантот, грчкиот министер истакнува дека изјавата што ја пренесе германскиот весник не е точна и дека тој во своите одговори за весникот во ниту еден момент не споменал идеја […]

Бегалец загина во тепачка во бегалски камп во Атина

15 јули 2016

Бегалец од Авганистан го загуби животот во тепачка во бегалскиот камп Елинико, во јужните предградија на Атина. Човекот бил прободен со нож во гради и имал сериозни повреди на главата со кои се здобил во мешаница и физичка пресметка која почнала меѓу група бегалци од Авганистан во привремениот бегалски камп на просторот на стариот атински […]

Јордан: Автомобил-бомба експлодира кај сириски бегалски камп

21 јуни 2016

Припадник на јорданската армија загина откако автомобил-бомба денеска експлодира во близина на сирискиот бегалски камп Рукбан во Јордан. Како што јавуваат локалните медиуми, во експлозијата се повредени голем број граничари. Бегалскиот камп Рукбан се наоѓа на осум километри од границата на Јордан со Ирак и со Сирија.

Момче пукало во бегалски камп во Германија, повредени две лица

13 јуни 2016

Германската полиција соопшти дека 21-годишно момче пукало од воздушна пушка кон бегалски камп во Западна Германија и притоа повредило две лица. Полесно се повредени петгодишно девојче и 18-годишно момче. Напаѓачот пукал од прозорот на својот стан, кој се наоѓа на третиот кат на зграда оддалечена 40 метри од бегалскиот центар, се наведува во полициското соопштение. […]

Тужби и пратенички прашања за владата поради ситуацијата на Идомени

12 мај 2016

Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија, бара одговори од владата на Алексис Ципрас за затворената железничка линија Солун – Скопје поради бегалскиот камп кај Идомени. Пругата повеќе од 50 дена не функционира, со што целосно е блокиран патничкиот и товарниот превоз од Солун кон Западна Европа, што им носи големи финансиски загуби на грчките транспортери и […]

Меркел и Туск пристигнаа во Турција

23 април 2016

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Советот на Европската Унија, Доналд Туск, пристигнаа во градот Газијантеп, во близина на границата на Турција со Сирија, за да го видат спроведувањето на договорот помеѓу ЕУ и Турција за бегалсаката криза. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги дочека Меркел и Туск на аеродромот во Газијантеп. Безбедноста е на […]

Исплашени од инцидентите, бегалците си заминуваат од Идомени

13 април 2016

Околу 800 до 1.000 бегалци си заминаа од Идомени во последните 48 часа. Во понеделникот и во вторникот од Идомени заминаа 15 автобуси полни со бегалци, а во кампот и понатаму доаѓаат автобуси подготвени да ги пренесат бегалци до организираните центри. Исплашени од насилството во неделата, бегалците кои се главно дојдени со семејства по повеќе од […]

Страна 1 од 2