четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: судири | 62 резултати

Борбите во Судан продолжуваат, бројот на жртви се искачи на 100

17 април 2023

Жителите на суданската престолнина Картум, ги разбудија звуците на артилерија и бомбардирање од воени авиони. Интензивните борби продолжуваат веќе трет ден, бројот на загинати се искачи на околу 100, а стотици други се повредени, пренесе Си-Ен-Ен. Судирите најпрво избиле во саботата меѓу војската и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ), предводени од Мохамед Хамдан […]

Најмалку 56 загинати цивили во борбата за превласт во Судан

16 април 2023

Неочекуваните жестоки борби за превласт кои вчера го зафатија Судан досега предизвикаа смрт на 56 цивили, јавува Би-би-си. Во третата по големина африканска земја започнаа борби меѓу суданската војска и паравоените Сили за брза поддршка во однос на предложената транзиција кон цивилна власт во Судан. Жителите на главниот град Картум се разбудиле со истрели од […]

Жестоки борби меѓу Талибанците и авганистанската војска за три големи градови

1 август 2021

Талибанските сили и авганистанската војска започнаа жестока битка во западниот и јужниот дел на Авганистан, јавува Би-би-си. Талибанците напредуваат кон градовите Лашкар Гах, Херат и Кандахар и во моментов се водат борби во нивните предградија. Кандахар е вториот град по големина во Авганистан, додека Херат е третото по големина населено место во оваа азиска земја. […]

Ерменија и Азербејџан не го почитуваат примирјето, продолжуваат гранатирањата

12 октомври 2020

Привремениот прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан, којшто беше договорен во петокот за време на преговорите меѓу двете страни во Москва, не се почитува. Бомбардирањата продолжија во саботата навечер врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт од азербејџанска страна, јавува Би-би-си. Ерменските власти ја обвинија Турција дека ги поттикнува азербејџанските власти да ја уништат посредничката […]

Повеќе од 40 цивили загинаа во судирите околу Нагорно-Карабах

6 октомври 2020

Од почетокот на судирите околу Нагорно-Карабах, кои траат повеќе од една недела, според официјалните извештаи од Баку и Ереван, на азербејџанската страна погинале 27, а на ерменската 19 цивили, додека 141 цивилно лице е рането, соопшти денеска руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извори од азербејџанскиот јавен обвинител. Се додава дека во гранатираните населени подрачја […]

Над 100 загинати лица во Нагорно-Карабах во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

1 октомври 2020

Воените судири меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах продолжија и во текот на денешниот ден. Над 100 лица загинаа за неполна недела при ескалацијата на конфликтот, јавува Би-би-си. Рускиот министер за надворешни работи им понудил на двете земји Русија да биде домаќин на мировните преговори со кои би се спречила натамошна ескалација на […]

Протестите во Белорусија не стивнуваат, денеска е исклучен интернетот

11 август 2020

Продолжуваат протестите во Белорусија после спорните претсeдателски избори одржани во неделата, а денеска е исклучен и интернетот во земјата. Состојбата и понатаму е многу напната, а белоруски интервентни единици и воени сили од попладнево пристигнуваат во центарот на Минск, јавуват светските агенции. Полицијата денеска употреби брутална сила против илјадниците демонстранти кои протестираат незадоволни од победата […]

Во САД продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, воведен полициски час во повеќе градови

31 мај 2020

Во голем број градови во САД е воведен полициски час, во обид да се смири бранот насилни протести што избувнаа изминатата седмица откако еден Афроамериканец почина при апсење со насилни мерки. Протестите што се одржуваа и вчера, како и во претходните денови, беа главно мирни, но во многу области преминаа во насилство, со палење автомобили […]

На протестот „Македонија е грчка“ учествувале 140.000 граѓани, дел се судрија со анархистите

4 февруари 2018

Грчката полиција соопшти дека на протестот „Македонија е грчка“ во центарот на Атина, учествувале 140 илјади граѓани, кои од цела Грција дошле со 283 автобуси, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од околу 800 метри, анархистички и антифашистички организации одржале контра-протест, по што дошло до судири, а полицијата реагирала со […]

Полицијата и демонстрантите во Албанија се судрија поради изборот на јавен обвинител

18 декември 2017

Албанската полиција се судри со приврзаниците на опозицијата кои се обидоа на сила да влезат во парламентот и да го спречат изборот на привремениот државен обвинител. Пред зградата на парламентот се собраа околу три илјади демонстранти кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, при што фрлале димни бомби. Според локалните медиуми има и повредени. […]

Решението за Сирија ќе бара отстапки од сите страни, изјави Путин

22 ноември 2017

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека постои вистинска шанса за ставање крај на судирите во Сирија, додавајќи дека решението ќе бара отстапки од сите учесници во судирите, вклучително и од сириските власти на претседателот Башар ал Асад, јавуваат светските агенции. Путин ова го истакна во своето обраќање во Сочи, на отворањето на мини-самитот посветен […]

Во судири меѓу турската војска и курдските бунтовници, загинале 39 лица

2 ноември 2017

Во судирите меѓу турската војска и курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција, загинале осум припадници на силите за безбедност и 31 курдски бунтовник, соопштиле турските власти, јавуваат светските агенции. До судирите дошло кај градот Семдинли, откако турските безбедносни сили забележале група курдски бунтовници кои наводно се подготвувале да извршат напад. Според информациите на турското […]

МНР: Нема повредени македонски државјани во инцидентите во Каталонија

1 октомври 2017

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) до попладнево нема информации за повредени граѓани во судирите во Каталонија, каде се одржува референдум за независност, кој шпанската влада го прогласи за нелегален. Како што соопшти МНР преку својот твитер-профил, досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од македонската амбасада во Шпанија. МНР е во редовен контакт […]

Жестоки судири и десетици уапсени на неонацистички собир во Гетеборг

30 септември 2017

Неонацистички собир во Гетеборг, вториот по големина град во Шведска, заврши со тепачки меѓу учесниците и контрадемонстрантите со антифашистички убедувања, а полицијата уапси десетици лица. Движењето Нордиски отпор (НМР) организираше марш по улиците на Гетеборг, при што полицијата интервенираше и дојде до пресметка кога учесниците се обиделе да излезат од најавената маршрута. Уапсени биле десетици […]

Еден загинат и 19 повредени во насилствата на протестот на ултрадесничарите во Вирџинија

13 август 2017

Најмалку едно лице загинало, а 19 се повредени во насилствата меѓу белите националисти и контра-демонстрантите што се случија синоќа во градот Шарлотсвил, во американската сојузна држава Вирџинија, јавуваат светските медиуми. Од засега непознати причини вечера се урнал и хеликоптер на полицијата во Вирџинија, ангажиран за надгледување на судирите, при што загинале двајца полицајци. Загината жена […]

Насилни судири во бегалски камп на Хиос

23 март 2017

Насилни судири се случуваа ноќеска во бегалскиот камп Суда на островот Хиос во Грција. Според локалната информативна веб-страница „Политис Хиос“, група бегалци од Авганистан и од Алжир вчера вечерта се судриле физички, создавајќи нов хаос и немири за сите бегалци и мигранти во Суда. Инцидентите почнале кога група бегалци од Авганистан од друг камп на Хиос влегле […]

Столтенберг: Тензиите на Западен Балкан мора да се намалат за да се избегнат судири

12 февруари 2017

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српската новинска агенција „Бета“ оценува дека е неопходно да се намалат актуелните тензии во регионот на Западен Балкан за да не дојде до инциденти и судири. Тој нагласува дека НАТО го остварува својот дел од „изградбата на безбедноста со регионалните партнери“. „НАТО го цени партнерството со […]

Околу 15.000 Курди во Стразбур побараа ослободување на Абдула Очалан

11 февруари 2017

Околу 15.000 луѓе денеска се собраа во Стразбур на годишниот собир на Курдите во Европа, на кој демонстрантите побараа автономен статус за Курдистан и ослободување на нивниот лидер Абдула Очалан, јавуваат агенциите. Полицијата во Стразбур навела дека на собирот имало меѓу 12 и 15 илјади луѓе. Демонстрантите во Стразбур пристигнале од Германија, како и од […]

Инциденти и судири на Крит помеѓу грчки земјоделци и вработени на пристаништето

10 декември 2016

Голема група грчки земјоделци се судрија со вработени на пристаништето на Крит, гневни поради еднонеделниот штрајк на вработените во поморските служби. Поради штрајкот, веќе една недела нема ниту еден брод од и кон островите во Грција што создава големи проблеми за снабдувањето на островите, но и за земјоделските производи кои треба да се пренесат кон копно. […]

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Атина

7 декември 2016

Атина повторно преживеа сцени на насилни судири и хаос на вчерашните протести за одбележување на годишнината од убиството на младиот Александрос Григоропулос, кој беше жртва на полициско насилство. Полицијата уапси 25 и приведе 26 лица во немирите кои траеја со часови во центарот на градот и во бунтовната населба Ексархија. Ексархија наликуваше на бојно поле. […]

Страна 1 од 3