На судењето за Пендиков презентирани снимките од тепачката

На денешното рочиште за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“ беа сослушувани сведоци, а се изведуваа и докази

-

Во охридскиот суд денеска продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, здружение кое вчера беше избришано од Централниот регистар. На судењето Пендиков не се појави, а неговиот адвокат рече дека е на дополнителни здравствени прегледи.

На денешното рочиште беа сослушувани сведоци, а се изведуваа и докази. Во судницата беше прикажана и снимка од безбедносните камери од вечерта на 19 јануари, на која се гледа како две лица го удираат Пендиков, по што доаѓа уште едно лице кое не се вклучува во нападот.

Обвинителството останува на ставот дека во текот на судењето ќе успее да докаже дека Пендиков бил претепан од обвинетиот Илија Спасески и негов пријател поради тоа што се чувствувал како Бугарин.

Од одбраната пак, го предложија таткото на обвинетиот Спасески како дополнителен сведок, за да се докаже дека семејството нема омраза кон ниту една нација, нагласувајќи дека за време на трагичната бродска несреќа со бугарски туристи, токму таткото на обвинетиот помагал за спасување, по што од бугарската Влада добил благодарница и орден.

Откако беше претепан во јануари годинава, бугарските власти на Пендиков му организираа лекување во Софија и го транспортираа со владин авион.

Обвинителството поднесе обвинение против Спасески, а уште едно лице кое наводно учествало во тепачката и друго лице кое било сведок, не се достапани за органите на прогонот.

Следното рочиште е закажано за 31 мај.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...