fbpx
Таг: Основен суд Охрид

таг: Основен суд Охрид

Одложено судењето за случајот Пендиков, адвокатите на обвинетиот Спасески ја напуштија судницата

Се одложи судењето за случајот со претепувањето на сега укинатото бугарско здружени „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков. На денешното рочиште, охридското Обвинителство до судот доставило нов доказ против обвинетиот Илија Спасески. Откако адвокатите на Спасески побарале одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, а судијата Бојан Мартиноски не дозволил, адвокатите на обвинетиот ја напуштиле салата, по...

На судењето за Пендиков презентирани снимките од тепачката

Во охридскиот суд денеска продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, здружение кое вчера беше избришано од Централниот регистар. На судењето Пендиков не се појави, а неговиот адвокат рече дека е на дополнителни здравствени прегледи. На денешното рочиште беа сослушувани сведоци, а се изведуваа и докази. Во судницата беше прикажана и...

Зоран Милески-Кичеец побара одложување на издржувањето казна затвор од три години

Зоран Милески-Кичеец побарал одложување на затворската казна од три години за случајот „Рекет“, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје. Од судот во Скопје информираат дека Милески го известил судот дека по приемот на Упатниот акт ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид. Поради ова, за одлучување по поднесеното барање за одложување на затворската казна, како и по...

Охридскиот суд им го продолжи притворот за 30 дена на браќата Усеини

Основниот суд Охрид го прифати предлогот на обвинителството и донесе одлука со која им го продолжи притворот за 30 дена на Нефи Усеини и неговиот брат, поради постоење опасност од нивно бегство. Браќата Усеини се во притвор поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ откако нивниот сограѓанин, Спире Топалоски ги пријавил во полиција дека Нефи Усеини и неговиот брат го...

Притворен битолчанец поради шверц на 100 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Охрид, постапувајќи по кривична пријава, почнало истражна постапка против жител на Битола, кој заедно со уште едно лице бил фатен како во возило превезува 100 килограми марихуана, соопшти Јавното обвинителство. Осомничениот се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а на барање на јавен обвинител, Основниот суд Охрид му...

Судија од Охрид осомничен за примање поткуп

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 56-годишниот Р.С., судија во Основниот суд Охрид, поради постоење основан сомнеж дека примил поткуп. Според полициските информации, осомничениот судија, кој постапувал по граѓански предмет, на 25 јануари годинава од вработен во локална фирма, која била тужена странка во случајот, побарал и примил поткуп од 5.000 денари за да пресуди во корист...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...