fbpx

Бојко Борисов отворен за соработка со сите партии за новата бугарска влада

Тој денеска ги предупреди другите партии дека ГЕРБ нема да гласа за донесување на буџетот, ниту за било какви реформи, бидејќи смета оти донесувањето на било какви политики не може да се изгради без влада

-

Лидерот на партијата ГЕРБ Бојко Борисов денеска изјави дека им ја пружа раката на сите партии кои се вклучени во бугарскиот парламент, вклучувајќи и на проруската партија „Преродба“ и на претседателот Румен Радев за формирање на нова бугарска влада, пренесува „Медиапул“.

Борисов рече оти тој ќе остане пратеник во собранието, но и дека лично со своите колеги од партијата ќе ги води преговорите за формирање бугарска влада. Тој денеска ги предупреди другите партии дека ГЕРБ нема да гласа за донесување на буџетот, ниту за било какви реформи, бидејќи смета оти донесувањето на било какви политики не може да се изгради без влада.

„Најстабилно управување е коалиција меѓу големите партии. Тоа сум го кажал и пред изборите“, изјави Борисов, додавајќи дека треба да се формира стабилна влада со евроатлантска ориентација во Бугарија.

Изјавата на Борисов доаѓа откако синоќа ривалската партија „Продолжуваме со промената“ соопшти дека нема да го поддржи ГЕРБ при добивањето на мандат за формирање на новата бугарска влада. Од „Продолжуваме со промената“ соопштија дека би гласале единствено при поддршка на свој предлог за нова влада.

Сепак, Борисов дека упати порака и до бугарскиот претседател Румен Радев за формирање на новата бугарска влада, доколку тој смета дека има кандидати за министри. Лидерот на ГЕРБ рече дека добредојдени за преговори за нова влада се и од проруската партија „Преродба“, иако не објасни која му е идејата за формирање на влада со оваа партија, а притоа да се запазат обврските кои Бугарија ги има кон ЕУ и кон НАТО.

Инаку, токму коалицијата ГЕРБ-СДС се очекува прва да го добие мандатот од претседателот Радев за да се обиде да ја формира новата влада. Според резултатите објавени од бугарската Државна изборна комисија, ГЕРБ-СДС освоиле 26,49 отсто од гласовите, додека коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија освоиле 24,57 отсто од гласовите. Проруската партија „Преродба“ доби 14,16 отсто на изборите, а за ДПС гласаа 13,72 отсто од гласачите кои излегоа на избори на 2 април.

Во составот на новото бугарско собрание влегуваат и Бугарската социјалистичка партија која освои 8,93 отсто од гласовите и партијата „Има таков народ“ со освоени 4,11 отсто од гласовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...