петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Христијан Пендиков | 14 резултати

Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков, еден од напаѓачите сè уште е во бегство

февруари 8, 2023

Охридското Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. „Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и […]

Бугарија ќе му даде државјанство и привремено живеалиште на Христијан Пендиков

февруари 7, 2023

Претепаниот секретар на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“, Христијан Пендиков, кој денеска беше испишан од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, ќе добие бугарско државјанство и привремено живеалиште, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Информацијата денеска ја објавил техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Пендиков се лекуваше на ВМА во Софија, од следниот ден […]

МНР: Декларацијата на бугарското Собрание може да оди во прилог само на провокаторите

февруари 2, 2023

Министерството за надворешни работи (МНР) преку соопштение до јавноста реагираше на декларацијата за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“ што денеска ја усвои Народното Собрание на Бугарија, констатирајќи со жалење дека декларацијата несоодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи. Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, велат од […]

Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“

февруари 2, 2023

Бугарскиот парламент денеска, ден пред да биде распуштен, со големо мнозинство изгласа декларација за осуда на „ескалирачките агресивни антибугарски пројави во Република Северна Македонија“. Декларацијата претставува предлог-текст што Комисијата за надворешна политика, раководена од поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева од ГЕРБ, го подготви од четирите предлози. Еден беше на пратеничката Десислава Атанасова од […]

Бугарија го врати својот амбасадор во Скопје

јануари 31, 2023

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, којшто беше повлечен во Софија по инцидентот со тепањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, се вратил во Скопје вчера, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg повикувајќи се на бугарското МНР. Од министерството велат дека Ангелов бил дел од официјалната делегација на бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев вчера и потоа останал […]

Тепачот во бегство е со бугарски пасош, тој и тепаниот Пендиков се со бугарски национални чувства

јануари 31, 2023

Бугарски државјанин го натепал Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Поради овој инцидент беше повлечен бугарскиот амбасадор во Македонија, а изјави со обвинувања против третирањето на Бугарите во Македонија даде речиси целиот бугарски државен врв. На крајот се испостави дека тој што го претепал Пендиков воопшто не им е достапен […]

Ќучук од Софија и Османи од Скопје предупредуваат: Надворешни фактори не сакаат добри односи меѓу С.Македонија и Бугарија

јануари 29, 2023

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент од партијата ДПС, Илхан Ќучук изјави дека надворешни фактори не дозволуваат Северна Македонија и Бугарија да имаат добри односи. Станува збор за структури кои не сакаат Северна Македонија да влезе во Европската Унија (ЕУ), како и оние кои не сакаат Бугарија да го европеизира Балканот, изјави Ќучук за БТВ. „Сите […]

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација

јануари 27, 2023

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“. „Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние […]

Милков: Бугарскиот амбасадор нема да се врати во Скопје набргу

јануари 26, 2023

Бугарскиот амбасадор нема да биде вратен во Скопје набргу, можно е и да бидат стопирани заеднички проекти, порача министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во гостување утрово на државната телевизија БНТ. Тој порача дека бил неприфатлив наративот дека македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, бил наркоман и […]

Османи од Софија: Ќе се погрижиме да име нула толеранција за насилството

јануари 22, 2023

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со својот бугарски колега, Николај Милков, денес во Софија заеднички го посетија повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој во четврток беше физички нападнат во Охрид. Османи на лице место се информираше за повредите на Пендиков, изразувајќи притоа длабоко жалење за инцидентот, и посакувајќи му брзо опоравување и закрепнување. […]

Страна 1 од 1