fbpx

Тепачот во бегство е со бугарски пасош, тој и тепаниот Пендиков се со бугарски национални чувства

-

Бугарски државјанин го натепал Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Поради овој инцидент беше повлечен бугарскиот амбасадор во Македонија, а изјави со обвинувања против третирањето на Бугарите во Македонија даде речиси целиот бугарски државен врв.

На крајот се испостави дека тој што го претепал Пендиков воопшто не им е достапен на органите, туку е во бегство. Вчера бугарскиот пратеник и поранешен министер, Даниел Лорер од партијата „Продолжуваме со промените“, го изјави ова во телевизиско интервју за телевизијата Нова.бг при што откри и дека Пендиков нема бугарски пасош.

„Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Бугарија треба да ги штити своите граѓани. Тој е македонски граѓанин кој се декларира како човек од бугарска самосвест. Еден од оние кои нападнале е бугарски граѓанин“, изјави Лорер.

На 20 овој месец, три лица го натепаа секретарот на бугарскиот клуб во Охрид. Тој беше префрлен на лекување во Софија. На 22 јануари, министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со неговиот колега Николај Милков во Софија го посетија повредениот Пендиков. Османи тогаш оцени дека овој чин не ги одразува вредностите на мултиетничкото општество на граѓаните на Република Северна Македонија и кажа дека ќе се погрижи да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем.

„Меѓуетничкиот соживот е нешто свето што го градиме во последните 30 години. Државата ќе се погрижи да се создаде атмосфера на нула толеранција на насилство. Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда“, рече Османи.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download lenevo firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy course