fbpx

Нова изјава дека Русија е најголемиот добитник од влошените односи меѓу Скопје и Софија

-

Весела Чернева, директор на Европскиот совет за надворешна политика во Софија е уште една од низата актери во бугарскиот јавен простор која даде потврда на тезите за рускиот бенефит од лошите односи меѓу Бугарија и С. Македонија, пишува Вистиномер во текстот кој го пренесуваме во целост.

Дека влошувањето на односите меѓу С. Македонија и Бугарија одат во корист на трети страни, во конкретниот случај на Русија и нејзината надворешна политика, пристигна уште една потврда во текот на 16 февруари и тоа од страна на поранешна високо позиционирана советничка во бугарската влада.

Весела Чернева која беше советничка за надворешна политика на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, а сега е директорка на Канцеларијата на Европскиот совет за надворешна политика (влијателена тинк-тенк организација), изјави во интервју за вестите на БТВ дека ваквите тензии во билатералните односи се во интерес на руските цели.

Секој потрес на заемните односи не само што го прави невозможно внесувањето на Бугарите во уставот – бидејќи и политички е многу тешко зашто вознемирува една цела голема група во Северна Македонија –  туку тие се и во интерес на руските цели на Балканот“ – изјави Чернева, поврзувајќи го овој процес со европската интеграција на РСМ.

Таа претходно рече дека постои бран на влошување на односите и дека „за ескалацијата меѓу односите се виновни и двете страни“. Запрашана за тоа каде се грешките на Бугарија, Чернева изјави дека фокусот е во бугарските културни клубови и дека клубови со имиња кои не се подобни за јавноста во Македонија не одговараат и на политиката на добрососедство, а дека дипломатијата е таа која треба да направи благопријатни услови за добрите односи меѓу Скопје и Софија и за внесување на Бугарите во македонскиот устав.

Станува збор за втора изјава во иста насока (околу руските интереси) од Чернева, откако првата ја даде во 2020 година. Чернева е последна во низата лица од експертската, политичката или дипломатската сцена во Бугарија која истапува со вакви тврдења за руските интереси на Балканот а во контекст на македонско-бугарските односи.

Во текот на јануари кога односите меѓу Скопје и Софија беа најзатегнати поради инцидентот со охриѓанецот Христијан Пендиков, руските интереси од влошувањето на односите меѓу Бугарија и С. Македонија ги потврдија и поранешниот бугарски министер за одбрана, Бојко Ноев, поранешната бугарска амбасадорка во САД, Елена Поптодорова и поранешниот премер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Повеќе за нивните изјави можете да прочитате во информацијата на „Вистиномер“ од јануари на линкот ТУКА.

 

Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...