недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: n2023ttsv | 142 резултати

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

6 јуни 2023

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел од низата чекори за борба против лажните вести и дезинформациите што доаѓаат од Русија, јавува „Гардијан“. Во исто време, ЕУ ја предупреди платформата Твитер дека ќе […]

„Русија само се брани“ – главниот дезинфо наратив во мај

2 јуни 2023

Денот на победата над фашизмот 9 Mај беше повод рускиот претседател Владимир Путин да го искаже главниот дезинформациски наратив во мај, покрај серијата други, а тоа е, дека Русија е жртва во војната со Украина, зашто таа само се брани. Додуша, на рака на Путин овој месец му одеа и битките со дронови и двата […]

Не е точно дека владата на Украина се заканува дека ќе почне терористички напади низ Европа

30 мај 2023

Во исечокот од видеото кој погрешно е интерпретиран во постот, Подољак зборува за хипотетичка ситуација во која ЕУ би престанала да ѝ помага на Украина и објаснува што би се случувало во Европа, доколку престане помошта во оружје. Но, тој не кажува дека Украина би вршела терористички напади во Европа, туку вели дека во Украина […]

Не е точно дека „радиоактивен облак“ се движи кон Западна Европа

30 мај 2023

Не постои радиоактивен облак кој се движи кон Западна Европа и не е точно дека во Полска е забележано зголемување на радијацијата. Во Хмелницики нивото на радијација е во дозволените граници и тоа е измерено од локалните власти и објавено. Ваквата дезинформација е веќе разоткриена од странски проверувачи на факти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Твитер се повлече од доброволниот кодекс за дезинформации на ЕУ

29 мај 2023

Социјалната мрежа Твитер се повлекла од доброволниот кодекс на Европската Унија (ЕУ) за борба против дезинформациите. Веста ја објави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој ја предупреди компанијата на Илон Маск дека ќе мора да ги почитува новите закони, пренесува Би-Би-Си. „Обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, […]

Бахмут е украински град, Русија го нападна, не го ослободи

29 мај 2023

Бахмут е украински град и тој не може да биде ослободен од Русите, како што се тврди во постот. Русија го нападна Бахмут и целосно го уништи. Тоа што Русија тврди дека овој град е нејзин, е спротивно на реалноста.  Според Киев, дел од Бахмут сè уште е под контрола на Украина, пишува „Вистиномер“ во […]

Не е вистина дека македонски војници ќе се борат со руски вооружени сили во Приднестровје

29 мај 2023

Постот шири дезинформации дека македонски војници ќе бидат испратени да се борат со руските вооружени слики во Приднестровје. За тврдењето дека нашите војници наместо во Романија ќе заминат за Молдавија, која не е членка на НАТО, не е понуден никаков доказ. Од Министерството за одбрана за Вистиномер одговорија дека станува збор за редовна ротација на припадници […]

Нема докази дека ЦИА се обидела да собори над 50 легитимно избрани влади од 2003 до 2014

28 мај 2023

Не е вистина дека САД и ЦИА собориле демократски влади избрани во овие држави. Во сите овие револуции има голем број на фактори кои придонеле за нив, вклучително опозицијата во државите, невладиниот сектор, интернетот, младите.., но главните протагонисти се секогаш домашни актери од државата каде се случува револуцијата и не може да бидат САД и […]

Куп дезинформации за Украина во видео кое промовира мноштво проруски наративи

26 мај 2023

Контроверзната позната новинарка Лара Логан во гостување на утринска програма на американска телевизија изнесе еден куп невтемелени тврдења за војната во Украина и за руската агресија, кои речиси целосно се совпаѓаат со руските дезинформациски наративи за Украина и за Западот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен […]

Османи во Брисел: Не сме директно на бојното поле, ама сепак сме на бојно поле од наративи и дезинформации

22 мај 2023

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан во рамки на Советот за надворешни работи, со кој заседаваше Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите, […]

Историјата не се повторува, бидејќи Зеленски не е Хитлер

22 мај 2023

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, дека таму се глорифицира нацизмот (неонацизмот), како и дека Зеленски е нацист. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз оваа суверена земја којашто трае повеќе од една година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

МНР во соработка со Амбасадата на САД организираше конференција за дезинформации и хибридни закани

20 мај 2023

Министерството за надворешни работи, во соработка со Амбасадата на САД организираше Конференција „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Воведни обраќања имаа државниот секретар Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. Учество зема и реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за […]

ДЕБАТА: На македонските редакции им се потребни проверувачи на факти

18 мај 2023

На македонските медиуми им се потребни проверувачи на факти во редакциите, треба да се насочиме кон посилно застапување на саморегулацијата на медиумите, да се стремиме кон воведување медиумска писменост уште од мали нозе кај децата, но и да направиме јасна дистинкција во земјава на професионалните од непрофесионалните медиуми. Ова беше кажано на денешната панел-дискусија „Слободата […]

Интервју со Тамила Велковска: Проруската пропаганда вешто злоупотребува „болни точки” на македонските граѓани

17 мај 2023

Иако Здружението на Украинците во Македонија постои веќе повеќе од деценија, јавноста за „Лесја Украинка“ дозна преку настаните поврзани со војната во Украина, која Русија ја започна минатата година. Откако во февруари 2022 година се оддржа протест во Скопје за поддршка на Украина, Здружението почна да организира хуманитарни акции и настани за да ја информира […]

ДЕБАТА: Агресијата на Русија врз Украина во моментов е најголемата безбедносна закана

16 мај 2023

На Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје денеска се одржа дебата со студентите на овој универзитет на темата „Зајакнување на источното крило на НАТО“, на која учествуваа чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, в.д. полскиот амбасадор Пјотр Висоцки, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика Томас Стразау, директорот на одделот за безбедносна политика и непрофилерација при Министерството за […]

Путин на Црвениот плоштад ги повтори главните дезинформациски наративи – Русија е жртва и се бранела!

10 мај 2023

Голема салва руски дезинформациски наративи беше „истрелана“ на 9 мај, директно од Црвениот плоштад во Москва од устата на рускиот претседател, Владимир Путин во говорот на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот, пишува Вистиномер.мк. Главниот руски дезинформациски наратив во оригинална верзија е стар, од првите месеци по инвазијата на Украина на 24.02.2022, […]

Новиот „Сноуден“ и Договорот за автопатите со „Бехтел и Енка“ го одбележаа април во (дез)информациска смисла

29 април 2023

Протекувањето на огромен број доверливи документи од американските институции, откриено во април, како и деталите од Договорот за изградба на автопатско решение на Коридорите 8 и 10 д, беа теми од кои извираа најмногу информации и дезинформации во македонскиот медиумски простор во текот на април. Покрај ова,  продолжија и стандардните дезинформациски наративи пред сè од […]

Ниту Путин се бори против злото, ниту Гејтс ги труе луѓето од воздух

17 април 2023

Русија пред повеќе од една година изврши воена инвазија врз Украина, која како суверена држава има сосема легитимно право да се брани. Наративот дека „Путин се бори против злото“ е дело на руската пропаганда којашто се обидува да ги оправдаат злосторствата што ги врши Русија на туѓа територија. Бил Гејтс е омилена фигура во разни […]

Во Милано нема билборд за донации со ликот на Зеленски

16 април 2023

Станува збор за компјутерски модифицирано видео, во Милано не постои билборд со сликата на Зеленски со дупка во носот преку која се собираат донации за Украина. Според Центарот за борба против дезинформации во Украина, со промоцијата на ова лажно видео се прави обид за дискредитација на претседателот Зеленски и  на Украина воопшто, а со цел да […]

Божилов не рекол дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби во Бугарија

13 април 2023

Од оригиналната изјава на Божилов дадена за БНТ, се гледа дека тој изјавил нешто во сосема друг контекст и воопшто не кажал дека Бугарија ќе обвинува Македонци за дојавите за бомби. Божилов зборува за покренување на обвиненија во Македонија за дојавите за бомби во земјава, а тоа го најави и самиот министер за внатрешни работи […]

Страна 1 од 7