fbpx

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Како дел од пошироките напори за борба против руските дезинформации, ЕУ побара од Фејсбук и останатите платформи да вложат повеќе ресурси за проверка на факти во содржините во источна Европа, каде што руските дезинформациски кампањи се сметаат за закана

-

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел од низата чекори за борба против лажните вести и дезинформациите што доаѓаат од Русија, јавува „Гардијан“.

Во исто време, ЕУ ја предупреди платформата Твитер дека ќе се соочи со брзи санкции доколку не се усогласи со новите закони за дигитална содржина кои на 25 август стапуваат на сила во целиот блок.

Компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск се откажа од доброволниот кодекс на ЕУ за дезинформации и може да биде казнета со до 6 отсто од нејзиниот глобален приход или дури да биде забранета низ ЕУ доколку не функционира според Законот за дигитални услуги на Унијата.

Како дел од пошироките напори за борба против руските дезинформации, ЕУ побара од Фејсбук и останатите платформи да вложат повеќе ресурси за проверка на факти во содржините на малцинските јазици и во источна Европа, каде што руските дезинформациски кампањи се сметаат за закана.

„Ова не е вообичаена работа – она што го сакаат Русите е да ја поткопаат поддршката на јавното мислење на нашите граѓани во однос на поддршката кон Украина. Ние едноставно мораме да ги браниме нашите интереси, нашата демократија“, рече потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, објавувајќи го новиот пакет.

Европската Унија се смета за лидер во регулирањето на технолошките компании и во моментов развива посебни закони за вештачка интелигенција со посебен кодекс договорен од 44 технолошки компании, меѓу кои и ТикТок и Јутјуб.

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...