fbpx

Избрана е новата бугарска влада

Во изминатиов период, по оставката на претходната коалициска влада и одржаните парламентарни избори до денеска, со земјата управуваше техничка влада поставена од бугарскиот претседател Румен Радев

-

Бугарскиот парламент попладнево конечно го изгласа новиот владин кабинет, со што по 10 месеци, Бугарија доби редовна влада, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Во изминатиов период, по оставката на претходната коалициска влада и одржаните парламентарни избори до денеска, со земјата управуваше техничка влада поставена од бугарскиот претседател Румен Радев.

По изборите на почетокот на април следуваа многу партиски комбинаторики и преговори и доделувања мандати од Радев, што резултираше со денешното изгласување на новата бугарска коалициска влада.

Со гласовите на пратениците од коалиција „Продолжуваме со промената“ (ПП) – „Демократска Бугарија“ (ДБ), потоа на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) – Сојуз на демократските сили (СДС) – без еден пратеник – и двајца претставници од Движење за права и слободи (ДПС), беше изгласана новата влада „Денков – Габриел“.

Новиот премиер, односно новата влада се изгласа со 132 гласа од 201 пратеник. Против беа 69, а воздржани немаше.

Нов премиер на Бугарија е академик Николај Денков, а заменик-премиер ќе биде доскорашната еврокомесарка Марија Габриел, која ќе управува и со ресорот „надворешни работи“. Таа е единствениот вицепремиер во новата бугарска влада и следен премиер, ако владата опстане. Имено, договорот меѓу најголемите политички сили подразбира во првите 9 месеци од мандатот премиер да биде академикот Денков, а потоа неговото место да го заземе Габриел.

Новиот владин кабинет положи заклетва по прогласувањето на резултатите од изјаснувањето на пратениците. Но бугарскиот претседател Румен Радев ја напушти парламентарната сала пред положувањето на заклетвата.

Сето тоа не означува крај на политичката криза во Бугарија, иднината на оваа влада е неизвесна и таа останува заложник на различни интереси и процеси, коментира бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Денков во собраниската сала порача дека приоритетите на новата влада ќе бидат брзото изготвување буџет, приклучување на Шенген-зоната и на еврозоната, уставните реформи во правосудството и неколку други цели.

„Ако приоритетите се сменат, ќе поднесам оставка“, порача Денков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...