Путин на Црвениот плоштад ги повтори главните дезинформациски наративи – Русија е жртва и се бранела!

Споредбата на употребата на дезинфо наративите од Москва покажува дека Путин овој главен наратив го има употребувано во оваа слична форма од почетокот на оваа година, поточно во јануари, на еден говор во Санкт Петерсбург

-

Голема салва руски дезинформациски наративи беше „истрелана“ на 9 мај, директно од Црвениот плоштад во Москва од устата на рускиот претседател, Владимир Путин во говорот на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот, пишува Вистиномер.мк.

Главниот руски дезинформациски наратив во оригинална верзија е стар, од првите месеци по инвазијата на Украина на 24.02.2022, а тоа е Украина со помош на Западот подготвувала инвазија на Крим и дека Русија само се брани, па затоа била неопходна и Специјална воена операција. Но, во последните месеци главните наративи од Москва се дека се води глобална војна за превласт на влијанија и дека Западот бескрупулозно сака да доминира со целиот свет. Слични беа и денешните главни пораки на Путин, тука парафразирани:

-Западот е тој што провоцира конфликти и пучеви, ги уништува традиционалните вредности со цел да продолжи да ги диктира сопствените правила, а во суштина тоа е систем на кражби и насилства. Целите на противниците на Русија е дезинтеграција и уништување на нашата земја.

– Секоја идеологија на супериорност е одвратна криминална и смртоносна, но западните елити се уште зборуваат за својата ексклузивност.

– На Запад, се уништуваат спомениците, се создава култ на нацизмот, а и овој бес е злосторство, реваншизам на оние кои подготвуваа нова кампања против Русија.

– Запад заборави до што доведе тврдењето на нацистите за светска доминација, заборави кој го победи злото и кој застана да ги ослободи народите во Европа

Украинците станаа жртва на пуч и монета за поткусурување/ценкање во рацете на Западот.

Ова се само дел од клучните поенти во говорот на Путин што може парцијално да се сретнат и во македонскиот медиумски простор. Некои медиуми одеа со пренос во живо, а некои прилично детално ги пренесоа поентите од говорот на Путин.

Некои пак, како Мета и Дојче Веле ги фатија поентите на дезинформацискиот наратив.

Агресорот во улога на жртва…, пишува Мета уште во насловот на веста за говорот на Путин

ДВ на македонски јазик, пак,  уште во поднасловот потенцира:

Додека Путин држеше говор, Русија изведе серија воздушни напади врз Украина.

Медиумите уште известуваат дека на парадата учествувале меѓу 8 и 10 илјади припадници на руските сили од Московскиот гарнизон, но дека освен дефилето на музејските Т- 34 тенкови, немало парадирање на современи тенкови или воздушни борбени групи.

Споредбата на употребата на дезинфо наративите од Москва покажува дека Путин овој главен наратив го има употребувано во оваа слична форма од почетокот на оваа година, поточно во јануари, на еден говор во Санкт Петерсбург, а подоцна и во февруари во говорот во рускиот парламент.

Минатата година повеќе аспект се посветуваше на причините за инвазијата на Украина, па тежиштето на вината беше префрлано и на самите Украинци, кои и како денеска опишани од Путин, биле жртви на пучот.

До „Специјалната воена операција“ мораше да дојде бидејќи војната не е започната сега, туку уште во 2014 година со превратот на Мајдан, кога на власт беа поддржани екстремистички структури кои покренаа војна против сопствените граѓани,  гласи овој главен руски дезинфо наратив, а повеќе може да се прочита во минатогодишната анализа на „Вистиномер“.

 

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...