Агресорот во улога на жртва: Путин вели дека Западот сака да ја уништи Русија

Рускиот претседател од денешниот говор во Москва се обиде да ја портретира неговата земја во улога на жртва, велејќи дека иако Русија сака „мир во иднината“, западните елити засадиле „семе на омраза и русофобија“

-

Денот на победата над фашизмот денеска беше подложен на нова злоупотреба од рускиот претседател Владимир Путин, во неговиот говор на воената парада во Москва. Тој рече дека е горд на руските војници кои учествуваат во она што тој го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. Путин ги опиша украинските лидери како „неонацисти“, пишува Би-би-си.

Путин во говорот рече дека само Русија останала вистински да ги брани достигнувањата од Втората светска војна, додека Западот заборавил кој ги победил нацистите. Притоа, Путин во својот говор заборави да ги спомене сојузничките сили што ги ослободија западните и јужните делови на Европа од нацизмот.

„Битките кои ја определуваат судбината на нашата татковина секогаш биле национални и свети“, порача Путин.

Рускиот претседател од денешниот говор во Москва се обиде да ја портретира неговата земја во улога на жртва, велејќи дека иако Русија сака „мир во иднината“, западните елити засадиле „семе на омраза и русофобија“.

Инаку, додека Владимир Путин утрово во Москва држеше говор, од Украина доаѓаат вести за нови руски воздушни напади врз населените места. Гардијан јавува дека 25 руски ракети биле лансирани врз цели во Украина, при што украинската противвоздушна одбрана успеала да сруши 23 ракети. Алармот за воздушна опасност беше вклучен и во главниот град Кијив.

Украинските власти јавуваат за руски напади и врз регионот Суми во североисточна Украина, каде за време на ноќта имало ракетни напади во девет наврати врз населените места. Погоден бил и Черкаскиот регион во централниот дел на Украина со две ракети, како и Херсонскиот регион каде изминатиов ден биле повредени 14 цивили. Руска ракета изминатава ноќ завршила и во станбена зграда градот Днипро во централна Украина, при што била повредена една жена. 

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...