сабота, 14 март, 2026
Meta.mk

Ознака: n2023ttsv | 142 резултати

Пендаровски и Рубин разговараа за влијанието на дезинформациите врз демократските процеси

12 април 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин. Како што соопштија од претседателскиот Кабинет, Пендаровски и Рубин разговараа за напорите и начините за справување со дезинформациите и нивното влијание врз развојот на демократските процеси на глобално ниво. Македонскиот претседател за време на […]

Аферата со протечени документи се зголемува – мошне сигурно дека барем дел се манипулирани

11 април 2023

Што се знае за аферата со протечените документи од САД до 10.04.2023 година? Аферата почнала да се развива уште од 28 февруари кога протекле првите документи. Протечени се засега околу 100 документи, од кои дел се од Пентагон и се однесуваат на војната во Украина. САД ги шпионирале освен Москва и Киев и други најблиски […]

Захарова со наративи полни со дезинформации ја учи Европа за демократија и безбедност

11 април 2023

Реакцијата на Борел за апсењето на американскиот новинар во Санкт Петерсбург, како и проширувањето на НАТО со Финска и напорите истото да го стори и Шведска, Москва преку портпаролката Марија Захарова го искористи да упати два дезинфо наративa до Европа со кои ја учи на демократија и ја заплашува дека поради делувањето на САД повторно […]

Не е точно дека Лондонската галерија ќе ја отстрани сликата на Јан ван Ајк

9 април 2023

Од Националната галерија за Ројтерс потврдуваат дека сликата на уметникот Јан ван Ајк  во моментот е изложена и нема никакви планови да се отстрани, ниту пак, досега за неа стигнале поплаки. Првпат оваа слика  била изложена во далечната 1843 година токму во Националната галерија во Лондон, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме […]

На Западен Балкан доаѓа претставник од САД во помош за борба против дезинформациите

8 април 2023

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, следната недела ќе ги посети Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, каде ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти американското министерство за надворешни работи. Агенцијата Бета пренесува дека за време на […]

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

4 април 2023

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од […]

Интервју со украинската новинарка Зоја Красовска: Руските дезинформации го загрозуваат целиот свет

3 април 2023

Од почетокот на руската агресија во Украина, на 24 февруари 2022 година, дневните информативни хроники на сите медиуми во нашата земја се полни со информации за состојбата на воените борби таму. За тивката и лукава војна преку пропаганда и дезинформации на Кремљ, се зборува многу малку. Украинската новинарка и аналитичарка Зоја Красовска во ексклузивно интервју […]

Путин го негира украинскиот идентитет, а обвинувањата за наводен геноцид се изговор за нападот на Украина

2 април 2023

Постот дезинформира и манипулира кога тврди дека Русија не го негира украинскиот идентитет, дека Русија го бранела руското малцинство врз кое се вршело геноцид од страна на некакви инсталирани власти. Сето ова е погрешно и во согласност со руската интерпретација на работите со кои Путин го оправда својот напад врз Украина, пишува „Вистиномер“ во својата […]

Постот манипулира со изјавата на Лајен и го величи Путин дека спречил „перверзни педофилски планови“

1 април 2023

Од најавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен дека ќе организира конференција за враќање на украинските деца од Русија, оваа објава на Фејсбук  прави манипулативна конструкција во која се извртуваат тезите и се воздигнува рускиот претседател Владимир Путин. Тврдењето дека Путин им ги уништил „перверзните планови на педофилите“ за децата од Украина, […]

Врабчев: Примитивниот национализам во Бугарија доаѓа од Кремљ

31 март 2023

Андреј Врабчев е скулптор од Софија и кандидат на партијата „Продолжуваме со промената“ за пратеник во бугарското собрание на изборите кои ќе се одржат на 2 април.  Според него, руската пропаганда има директна врска со лошите односи помеѓу Бугарија и Македонија, а основен инструмент на таа политика е еден примитивен национализам. Врабчев се залага за […]

Манипулација: Путин прикажан како херој кој спасувал украински деца

31 март 2023

Наводите изнесени во постот, дека Путин спасува деца од „педофилските канџи на Западот“, се чиста измислица и теорија на заговор за која не постојат никакви докази, ниту факти. Судот во Хаг изаде налог за апсење на Путин за воени злосторства поради депортација на украински деца од окупираните територии во Русија. Тврдењето во постот е апсурдно […]

Зеленски не ги прогонува православните христијани од Украина

30 март 2023

Во постот се пропушта контекстот кога се тврди дека „Зеленски ги затвора црквите и ги апси свештениците“. Станува збор за закон за забрана на црквите поврзани со Русија после серија претреси во кои е откриено дека се примаат наредби од Русија. Ова е главно насочено кон активностите на Украинската црква – Московска патријаршија во Украина, […]

Лажна е фотографијата на која Путин клекнат му ја бакнува раката на Џинпинг

29 март 2023

Настрана од фактот дека таквиот гест на потчинување би бил крајно нереален, проверката на факти сугерира дека сликата е генерирана од апликација за вештачка интелигенција (AL). Алатките за вештачка интелигенција можат да создадат фотореалистични слики кои се полни со детали и тешко се разликуваат од реалните слики, сепак тие редовно произведуваат слики што содржат грешки, […]

Децата во нашите училишта не се облекуваат како спротивниот пол, а воената обука на деца во Крим не е за фалење

28 март 2023

Објавата што се споделува на Фејсбук шири невистини, а истовремено ѝ недостига контекст. Постот дезинформира дека деца во училиштата во С. Македонија се облекуваат како спротивниот пол. Точно е дека Русија спроведува воена обука на деца во училиштата, но тоа не е за пофалба, тоа се коси со меѓународните документи за заштита на правата на […]

Не е точно дека Канада и ЕУ ја планирале војната во Украина

28 март 2023

Тоа што Канада обучува украински војници од 2015 година, значи план за војна, како што невистинито се тврди во постот. Војната во Украина ја почна Русија, а операцијата УНИФЕР е тренинг од канадските воени сили и мисија за зајакнување на капацитетите на вооружените сили на Украина, којшто ќе ѝ помогне да го одбрани својот суверенитет. […]

Велика Британија: Осиромашениот ураниум не е нуклеарно оружје

28 март 2023

Британската армија со децении користеше осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Русија го знае ова, но намерно се обидува да дезинформира. Независното истражување на научници од групи како што е Кралското друштво процени дека секое влијание врз личното здравје и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде ниско, соопшти британското Министерството […]

НАТО не е во војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да се самоодбрани

27 март 2023

Постот и видеото што се споделува ги извртува тезите. НАТО не војува со Русија, туку Русија на 24 февруари минатата година  изврши воена инвазија врз Украина во којашто загинаа голем број на цивили и војници. НАТО  ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, што е најголем воен напад во Европа после Втората светска […]

Не е вистина дека обвинителот кој го гони Путин е пронајден мртов

27 март 2023

Во ниту еден медиум нема никаква информација за наводната смрт на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан. Ниту пак, за такво нешто извести Меѓународниот кривичен суд. Доколку ова беше вистина, ваквата информација немаше да помине незабележано, туку ќе беше објавена во сите медиуми. Така што, оваа објава што се шири на Фејсбук, пласирана без никаков […]

За фотографија од 2014 години неосновано се тврди дека прикажува украинско момче со нацистички тетоважи

22 март 2023

Фотографијата со момчето е стара девет години и потекнува од меѓународниот фестивал на тетоважи кој по 10 пат се одржал во Киев во 2014 година. Како што се вели во самата објава за фестивалот, на него присуствувале многу љубители на тетоважите не само од различни делови на Украина, туку и од други земји во светот. […]

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

21 март 2023

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот […]

Страна 2 од 7