fbpx

Децата во нашите училишта не се облекуваат како спротивниот пол, а воената обука на деца во Крим не е за фалење

Од друга страна, пак, постот ја глорифицира Русија, нагласувајќи дека таа се грижела за својата иднина (читај децата), така што им спроведува воена обука. Но, постот заборава да каже дека ова е спротивно на меѓународните правила и конвенции

-

Објавата што се споделува на Фејсбук шири невистини, а истовремено ѝ недостига контекст. Постот дезинформира дека деца во училиштата во С. Македонија се облекуваат како спротивниот пол. Точно е дека Русија спроведува воена обука на деца во училиштата, но тоа не е за пофалба, тоа се коси со меѓународните документи за заштита на правата на децата (Конвенцијата на ОН за правата на детето), пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој шири дезинформации во врска со наводни активности во училишта во С. Македонија, истовремено глорифицирајќи ја Русија која спроведува воена обука на деца, што пак, е спротивно на Конвенцијата за правата на детето.

Постот споделува видео во кое, како што известија медиумите, се прикажани деца од Крим како поминуваат низ воена обука. Информацијата прв ја пренесе новинарот на Би-би-си, Френсис Скар кој ја сподели на  Твитер:

Руските државни медиуми јавуваат дека основната воена обука започнала во окупираниот Крим, напиша Скар покрај објавеното видео.

Споделувајќи го ова видео, објавата што ја анализираме вели:

Како Русија се грижи за својата иднина, додека во севернава вукојебина исполнувајќи ги неолибералните вредности, на исти вакви деца им воведува недела каде ќе идат облечени како спротивниот пол. Која земја ќе го јаде дебело?

Прво, не е точно дека на деца во С. Македонија им се вовело недела во која ќе одат облечени како спротивниот пол. Вистиномер веќе пишуваше за оваа дезинформација која се однесуваше на училиште во Аеродром. Нашата проверка на таквите наводи покажа дека тие се невистинити и дека беа пласирано како вистина со цел почнување хајка против градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски дека спроведува некаква индоктринација за учење на децата дека не постојат родови, дека мажите можат да бидат жени и обратно.

Од друга страна, пак, постот ја глорифицира Русија, нагласувајќи дека таа се грижела за својата иднина (читај децата), така што им спроведува воена обука. Но, постот заборава да каже дека ова е спротивно на меѓународните правила и конвенции.

Русија отсекогаш ја користела милитаризацијата на јавниот живот за да го индоктринира локалното население и ја продолжува таа практика и денес, оценува Атланскиот совет во својата анализа од 2019 година.

Уште пред да почне рускиот напад врз Украина, илјадници деца во Донбас и Крим се предмет на воена обука или други активности поврзани со војската.

Иако нема официјални податоци за оваа тема, активистите за човекови права и медиумите обезбедија широк опсег докази за учество на деца во настани и обуки поврзани со војската, па дури и нивно регрутирање во недржавни вооружени формации, пишува Атланскиот совет.

Пред сè, Русија допира до децата на окупираните територии на Донецката Народна Република (ДПР), Луганската Народна Република (ЛПР) и Крим преку образованието. Министерствата за образование во овие области се директно или индиректно поддржани од Русија и ја следат руската државна програма за патриотско образование, која беше одобрена во 2015 година.

За училишните деца, наводно, „часовите на патриотско воспитување“ се вообичаени во републиките и на Крим. Во училиштата често се одржуваат часови поврзани со војската и обука од јавни организации како што е Младата Република на ДПР. Иако воено-патриотското образование вообичаено не е дел од училишните програми во анектираниот Крим, Ирина Сиедова од Кримската Група за човекови права вели дека има низа руски козачки паралелки и полувоени училишта, како што се „Корпус на кадети на Крим“ за малите деца таму, пишува Атланскиот совет

Исто така, се додава дека Рускиот окупаторски режим и неговите прокси републики постојано го демонстрираат своето непочитување на меѓународното право. Од интервенцијата во Украина, Русија ги прекрши своите меѓународни обврски потврдени во Женевската конвенција и Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за вклучување на децата во вооружени конфликти.

Тие забрануваат пропаганда на доброволно или присилно регрутирање во државни или недржавни вооружени формации на окупираните територии – и уште повеќе, регрутирање и употреба на малолетни лица во непријателствата. Со тоа што се обидува да формира позитивна слика за нејзините паравоени формации и армијата и ги охрабрува децата да се приклучат во нивните редови, Русија го прекршува и членот 29 од Конвенцијата за правата на детето, чиј потписник е.

Организациите за човекови права континуирано собираат докази за такви прекршувања со цел да ја повикаат Русија на одговорност во иднина. Како што наведува Атлансккиот совет, доказите за воени злосторства се испраќаат и до Меѓународниот кривичен суд, пишува Атланскиот совет

Од сето погоре можеме да заклучиме дека постот што го анализираме шири невистини и му недостига контекст. Дезинфорација е дека деца во училишта во Македонија се облекуваат како спротивниот пол. Точно е дека Русија спорведува воена обука на деца во училиштата, но тоа не е за пофалба.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...