fbpx

„360 степени“: Обвинителството отвори предмет за надзорот над „Бехтел и Енка“

Од обвинителството за „360 степени“ одговориле дека отвориле предмет по допрен глас и дека тој веќе е распореден кај јавен обвинител

-

Изборот на надзорот за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д, ќе биде под лупа на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), јави „360 степени“.

На упатено прашање од редакцијата до ОЈО-ГОК, дали ќе се отвори предистражна постапка по допрен глас, по серијата пишувања за фирмите што се избрани да го вршат надзорот, од Обвинителството за „360 степени“ одговориле дека отвориле предмет по допрен глас и дека тој веќе е распореден кај јавен обвинител.

Изборот на фирмите што ќе вршат надзор на изградбата на коридорите 8 и 10-д од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ изминатиот период беше една од темите во фокусот на јавноста.

Конзорциумот кој победи на тендерот за надзор е предводен од италијанската „ИРД инженеринг“, а во него сè уште три компании: шпанската „Ептиса“ и двете домашни фирми „Електра Солушнс“ и „Евро консалтинг“.

Целиот текст на „360 степени“ може да се прочита тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...