четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: обвинителство | 335 резултати

Жител на Просениково се обидел да си ја отруе сопругата со пестицид, Обвинителството отвори истрага

28 ноември 2025

Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жената почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им

Приведени десетина вработени во УЈП, постапката ќе се води во кочанското обвинителство

20 ноември 2025

„Ова се кривични дела за злоупотреба, давање и примање поткуп што нема врска со овој кривично правен-настан, односно со предметот за Кочани кој во моментов е во тек, рече Коцевски

Одобрено обвинението против сопственикот на „Рубикон“ за трагедијата во „Пулс“

17 октомври 2025

Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев. „Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното […]

Генералната обвинителка на Њујорк – Летиција Џејмс е обвинета за измама со хипотеки од страна на Трамп

10 октомври 2025

Генералната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, беше обвинета во случај со измама со хипотеки, што претседателот Доналд Трамп го повика Министерството за правда да го покрене откако вети одмазда против некои од неговите најголеми политички непријатели, пренесува Асошиејтед Прес. Џејмс, демократка која го разбесни Трамп по неговиот прв мандат со тужба во која се тврди […]

ОЈО Скопје поведе две постапки за семејни насилства

3 октомври 2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичен законик. На 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, […]

Коцевски: Се води предистрага за УЈП, постапката за „Пулс“ не е завршена

1 октомври 2025

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции, поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според него, постапката сè уште не е завршена и можно е да бидат опфатени уште десетина кривични дела. Ваквата изјава на јавниот обвинител доаѓа […]

Правосудството пред нова шанса за „поправен“ за злоупотреби на безбедносниот апарат

5 септември 2025

Колкава ќе биде штетата од оваа најнова афера за злоупотреба на службите од безбедносниот апарат на државата зависи исклучиво од јавното обвинителство и судството. Суштинското нерасчистување на поновите афери од помасовни размери, какви што беа „Големото уво“ и „Таргет-Тврдина“ направија огромна штета. Сега правосудството е исправено пред нова шанса за поправен испит, пишува „Вистиномер“  Во […]

Скопјанец со закани извлекол 1,5 милиони денари од друго лице, се соочува со максимална затворска казна

21 август 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 […]

Скопјанец под истрага зашто во „опел корса“ чувал 57 пакувања марихуана

13 август 2025

Дваесет и три годишно лице во автомобил марка „опел корса“ чувал 57 пакувања марихуана, кои биле наменети за натамошна продажба, соопшти Јавното обвинителство. Оттаму донеле наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од […]

Кривична пријава против две лица за загрозување на животната средина со отпад

30 јули 2025

Основното јавно обвинителство Скопје во координација со СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поведе постапка против две физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 од Кривичниот законик. „Полицијата денеска поднесе кривична пријава против сопственичката и неформалниот сопственик на правното […]

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

18 јули 2025

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што згаснаа 62 животи, а над 220 беа повредени, пишува Призма. Обвинителниот акт покажува дека пожарот во Кочани бил предвидлива катастрофа. Прашање на време било […]

Дивоградба е шесткатницата во Чаир, Обвинителството поведе истрага за управителот на фирмата

3 јуни 2025

Основното јавно обвинителство поведе постапка за управител на фирма, кој изградил шесткатница во Чаир на „Ќемал Сејфула“, без одобрение и на државно земјиште, соопштија денеска оттаму. „Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело […]

Екс директорите на Онкологија Васев и Нухи, обвинети за злоупотреба, измама и проневера

22 мај 2025

Предметот „Онкологија“ е поделен на два дела – првото обвинение е за економското работење на клиниката и овде се опфатени две лица, екс медицинскиот директор д-р Нино Васев и организацискиот директор Нехат Нухи од Клиниката за онкологија, кои се обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и за проневера на службата. Во периодот од 2018 […]

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

7 февруари 2025

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Основното јавно обвинителство. „Осомничениот, на 28 ноември, во напуштен локал […]

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

6 февруари 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26 годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело, соопшти Осовното јавно обвинителство. […]

Обвинителството во Нови Сад покрена истрага за корупција во врска со реконструкцијата на Железничката станица

3 февруари 2025

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека специјалното одделение за борба против корупцијата на тој суд, покренало истрага за корупција во врска со реконструкцијата на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, пренесува Н1. „Поради големиот интерес во јавноста, а посебно по изјавите во медиумите кои укажуваат на сомнеж во однос на веродостојноста на […]

ОЈО поднесе обвинение за узурпација на простор за паркинг зад поликлиника „Бит Пазар“

4 декември 2024

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – […]

Главниот проектант и министерот за градежништво меѓу уапсените за трагедијата во Нови Сад

21 ноември 2024

Меѓу уапсените поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се двајца инженери од компанијата „Ежис“, која ги надгледувала работите и вработен во Институтот за сообраќај, кој ја проектирал реконструкцијата на станицата, пренесува Н1. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно соопшти дека во врска со трагедијата во Нови Сад се уапсени 11 […]

Страна 1 од 17