fbpx

Грковска: Обвинителството може да реагира и по допрен глас, но не го прави тоа

„Свесна сум дека ваквите решенија предизвикуваат вознемирување на мала група на луѓе, која е научена да се однесува со државата како што сака“, рече Грковска

-

Правосудните органи треба да бидат поефикасни и да го работат она кое сите ние очекуваме да го работат. Факт е дека и по допрен глас може Обвинителството да реагира, но, за жал, ние не сме виделе ниту еден чекор помрднување во таа насока. Ова го изјави синоќа заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за „Топ Тема“, во врска со предлог измените на Законот за рестриктивни мерки.

„Не може да биде противуставно ако се дефинира процедура по која ќе се постапува со лицата или компаниите, кои се ставени на црната листа на САД и Обединетото Кралство и ако таа процедура е поврзана со постоечкото македонско законодавство. Со ова решение, Владата ќе ја усвојува листата на предлог на органот кој ја има надлежноста, во зависност од тоа за какво дело се однесуваат санкциите, а понатаму процедурата оди согласно законите“, додаде Грковска.

Таа ја истакна важноста на стратешкото партнерство со САД, за кое рече дека е клучно за нашата држава.

„Недвосмислената поддршка за постигнување на сите наши стратешки цели и како народ и како држава, се однесуваат и на борбата против корупцијата и организираниот криминал“, рече таа.

Во врска со критиките во однос на донесувањето на вакви законски измени, Грковска каѓа дека е свесна дека ваквите решенија предизвикуваат вознемирување на мала група на луѓе, која е научена да се однесува со државата како што сака.

„Фактот дека бегалецот од правдата Груевски од Будимпешта се јави да реагира и да се повикува на суверенитетот на државата, сакајќи да се спротивстави на ваквите решенија, само зборува за тоа дека иницијативата којашто ја покренав и законските решенија кои ги направивме, ја погаѓаат целта“, изјави Грковска.

Вицепремиерката информираше дека паралелно со измените на Законот за рестриктивни мерки, кој е во надлежност на Министерството за надворешни работи, Владата во најбрз можен рок ќе ги предложи до Собранието потребните измени во другите закони кои се поврзани со ова предлог законско решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...