Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас

Израелскиот премиер вели дека нема друга опција освен „целосна победа“ во Газа, која може да се очекува во следните месеци

-

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги одби условите за примирје поставени од Хамас, нарекувајќи ги нивните барања „бизарни“, известува Би-би-си. Според него, може да се очекува победа за Израел во текот на следните месеци.

„Ако Хамас преживее во Газа, ќе биде прашање на време кога ќе се случи следниот масакр. Не постои друго решение освен целосна и конечна победа“, изјавил израелскиот премиер вчера на прес-конференција.

Според Би-би-си, иако се очекувало Израел да има замерки со барањата на Хамас, изјавите на Нетанјаху претставуваат категорично отфрлање на истите. Функционер во Хамас изјавил дека изјавите укажуваат оти Нетанјаху има намера да го продолжи конфликтот во регионот.

Станува збор за шестнеделно примирје во кое ќе се разменуваат палестински затвореници во Израел и заложници во Газа, кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Хамас дополнително се залагале за поголем фокус на обновата на инфраструктурата во Газа, доставата на хуманитарна помош и враќањето на раселените палестински граѓани во своите домови.

Дополнително, Хамас барале да се ослободат речиси 3000 палестински затвореници, барање кое американскиот претседател Џо Бајден го опиша како „малку пртерано“. Според Хамас, до крајот на примирјето ќе бидат завршени и преговорите за крај на војната.

Одбивањето на Израел на договорот се пркоси со напорите на САД и нејзиниот државен секретар Ентони Блинкен да се постигне некаков договор во регионот. Според Блинкен, иако постојат некои нереалистични барања од Хамас, договорот сепак остава простор за да се достигне конечно решение.

Шарон Лифшиц, чии родители беа киднапирани од Хамас на 7 октомври, вели дека одбивањето на договорот за примирје ефективно претставува смртна казна за заложниците. Мајката на Лифшиц беше ослободена од Хамас, но нејзиниот татко сè уште е во Газа.

„Мојот татко има 83 години, кревок е, нема да може да издржи уште долго. Не знам дали премиерот мисли на него, или веќе го смета за некој кој ќе се врати дома во ковчег“, вели Лифшиц.

Во Газа, пак, Израел планира да ја прошири својата офанзива во Рафах. Во него моментално е сместено речиси целото население на Газа и покрај тоа што градот воопшто нема доволно капацитет за адекватно сместување на толку многу луѓе. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека напад во Рафах „експоненцијално би ја влошил хуманитарната состојба во градот, која веќе е кошмар“.

„Спиеме и чекаме во страв. Нема храна, а времето е ладно“, рекло раселено лице во Рафах за Би-би-си.

Хамас одговори на договорот за примирје од Израел

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100...

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

На големото финале на турнирот во кантер страјк „Интел екстрим мастерс Мелбурн 2025“, тимот на „Вајталити“ успеа со 3:2 да ги победи тимот „Фалконс“, тимот на македонскиот професионален играч Дамјан Стоилковски....

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во...