fbpx

Сослушан таткото на детето кое уби девет лица: обвинителството бара притвор, тој го негира делото

Вишото јавно обвинителство соопштува дека В. К. се сомничи дека „во претходниот период го тренирал својот 13-годишен син К. К. да ракува со огнено оружје и муниција, со тоа што го носел во стрелачки клуб за да вежбаат, и покрај тоа што детето имало 13 години и таквата активност и обука била очигледно несоодветна за неговата возраст“

-

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, бил сослушан В. К. (47), татко на седмоодделенецот К.К., кој на 3 мај уби девет луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, пренесува РТС.

На рочиштето таткото негирал дека сторил кривично дело и детално ја изнел својата одбрана, а обвинителството најавило дека ќе бара мерка притвор. Сослушувањето на таткото на 13-годишното дете кое застрела осум свои соученици и чуварот на училиштето, а повреди уште шест деца и една наставничка, траело повеќе од три часа.

Вишото јавно обвинителство соопштува дека В. К. се сомничи дека „во претходниот период го тренирал својот 13-годишен син К. К. да ракува со огнено оружје и муниција, со тоа што го носел во стрелачки клуб за да вежбаат, и покрај тоа што детето имало 13 години и таквата активност и обука била очигледно несоодветна за неговата возраст“.

„Исто така, В. К. е осомничен дека постапил спротивно на член 32 став 1 од Законот за оружје и муниција и член 2 став 1 од Правилникот за просторно-технички услови за безбедно чување оружје и муниција, бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и складирање на оружје и муниција кое не може да дојде во сопственост на неовластени лица, односно да биде заклучено и посебно одвоено во сефови или каси кои не можат лесно да се отворат“, ја пренесуваат белградските медиуми изјавата од обвинителството.

Како резултат на неговите дејствија, според обвинителството, неговиот син К. К успеал да добие пиштол „ЦЗ сенка“ калибар 9х19 мм и пиштол „Ruger MK“ со калибар од 22 мм, кои биле непрописно обезбедени во метален сеф во плакарот, во ходникот на станот.

„Детето оружјето и муницијата ги понело со себе во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде што испукало голем број куршуми и ги одзело животите на обезбедувањето и осум ученици, а тешко ранил шест ученици и една наставничка“, објавува обвинителството.

На рочиштето осомничениот негирал дека го сторил делото и детално ја изнел својата одбрана, пренесува РТС. Обвинителството ќе му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди мерка притвор за да не влијае врз сведоците и да не го повтори кривичното дело.

Малолетниот К. К. има 13 години и според Законот за малолетни сторители и кривична заштита на малолетни лица не може да кривично одговара. Тој е сместен на опсервација во психијатриска установа за деца и младинци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...