Од март повисок минималец, зголемување на платите на администрацијата неизвесно

Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска одговори дека вработените во Фондот за здравство, во обвинителството и во судството ќе добијат повисоки плати тогаш кога граѓаните ќе добијат квалитетни услуги од нив

-

Минималната плата во земјава од март 2024 година ќе изнесува 22.500 денари, но покрај оваа најава од владата, засега нема конкретен одговор за многубројните барања за покачување на платата на јавната администрација. Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување најавува штрајк, а судската администрација и денеска организираше протест.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска одговори дека вработените во Фондот за здравство, во обвинителството и во судството ќе добијат повисоки плати тогаш кога граѓаните ќе добијат квалитетни услуги од нив.

„Немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство при тоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако при тоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме“, изјави вицепремиерот Битиќи, додавајќи дека ваквиот раст на платите не треба да биде на штета на останатите категории граѓани.

Во предлог буџетот за следната година предвидени се пари за зголемување на минималната плата. Околу 50.000 административци ќе добијат покачување за 2.325 денари. Останатите вработени во јавниот сектор, усогласувањето на платите кое им следува ќе го добијат во септември.

Инаку, наредната недела се очекува државниот буџет да влезе во собраниска процедура, при што најавите на синдикатите се дека пред Собранието ќе одржат голем протест не само вработените од судството, од државното обвинителство и од правобранителството, туку и од други синдикални организации.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...