fbpx

Двајца браќа брутално претепале возач заради недоразбирање во сообраќајот

„Тие му нанеле тешки телесни повреди опасни по неговиот живот, па оштетениот во коматозна состојба, несвесен и неконтактибилен бил префрлен на болничко лекување“, наведено е во соопштението од Обвинителството

-

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик.

Како што информираат во Обвинителството, на 12 август, двајцата осомничени со умисла нанеле тешки телесни повреди врз едно лице и го довеле во опасност неговиот живот.

„Заради недоразбирање во сообраќајот во однос на брзината на движење на автомобилите, осомничените физички се пресметале со оштетениот, удирајќи го со клоци и тупаници. Мајката на оштетениот и еден случаен минувач се обиделе да ги оттргнат и да ги спречат во намерата. Но, тие му нанеле тешки телесни повреди опасни по неговиот живот, па оштетениот во коматозна состојба, несвесен и неконтактибилен бил префрлен на болничко лекување“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да го повторат кривичното дело и околности коишто го оправдуваат стравот дека ќе влијаат врз сведоците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавени се резултатите за сместување во студентските домови за бруцошите

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти во прва година запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови...