ЈСП: Линијата 63А во наредните девет месеци ќе сообраќа по изменета траса

Измените во трасата се поради изградба на надвозник

-

Приградската линија 63А која сообраќа на релација Транспортен центар – Ајватовци, во наредниов период ќе сообраќа по изменета траса од вообичаената, поради изградба на надвозник на патот Марино – Бунарџик, информираа денеска од ЈСП Скопје.

Од ЈСП соопштуваат дека трасата на движење од Транспортен центар до Ајватовци е следна:

„Од Транспортен центар до кружен тек во населба Илинден ќе се движи по редовната траса, потоа ќе продолжува по траса на линија 63, по улица „9“, потоа ќе излегува на улица „8“ и ќе врти лево (по траса на линија 66 ), кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти десно на надвозникот, па ќе продолжува до с.Ајватовци и завршува во с.Бунарџик (сред село), каде ќе биде и последната постојка (свртувалиште)“.

За трасата на движење од Ајватовци до Транспортен центар, пак, од ЈСП информираат:

„Од с.Бунарџик (сред село) ќе се движи до Ајватовци, па ќе продолжува до надвозникот и кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти лево по улица „8“ (по траса на линија 66), кај раскрсницата Ким ќе врти лево по улица „9“ (по траса на линија 63) и од кружниот тек во населба Илинден ќе продолжува по својата вообичаена траса“.

Изменетиот режим, според ЈСП, се очекува да важи во наредните девет месеци – временски период во кој е предвидено да траат градежните зафати на трасата, односно изградбата на новиот надвозник.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...