сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: автобуски линии | 23 резултати

Град Скопје на превозниците ќе им исплати 60 отсто од долгот за март, 19-ка и 20-ка ќе возат нормално

мај 12, 2022

Приватните автобуски превозници што ги одржуваат градско-приградските линии во Скопје денеска со Градот Скопје постигнаа договор, со што од утре приватните превозници ќе продолжат нормално да сообраќаат на линиите „19“ и „20“. Градот Скопје и приватниот превозник „Макекспрес“ за Порталб.мк потврдија дека е постигнат договор откако вчера граѓаните беа приморани да користат други автобуски линии […]

Наесен Скопје ќе може да почне со реорганизација на автобуските линии од јавниот превоз

април 16, 2022

Првата фаза од изработката на Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје е завршена, а до крајот на септември треба да биде целосно готов стратешкиот документ со кој треба да се реорганизира скопскиот јавен превоз, информираат за Мета.мк од Градот Скопје. „Во изминатиов период се започна со анализа на […]

Од денеска повторно ќе сообраќаат ноќните линии на ЈСП-Скопје

декември 28, 2021

Ноќните линии во скопскиот јавен превоз се воведуваат од денеска, информираат од Град Скопје. Во ноќните часови ќе сообраќаат 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Притоа, автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секојдневно, додека преостанатите линии ќе бидат во функција во […]

ЈСП планира да ја пушти во функција жичарата на Водно до Нова година

декември 17, 2021

По речиси две години нефункционирање поради ковид-19 пандемијата, новото градско раководство денеска информираше оти планираат жичарата на Водно да ја пуштат во употреба до Нова година. На денешниот брифинг со новинарите, новиот директор на ЈСП-Скопје Иван Илиевски рече дека се дезинфицираат кабините, се проверуваат техничките можности на жичарата и хортикултурно се уредува зеленилото по трасата, […]

По само 4 месеци од воведувањето, во Тетово времено е укинат јавниот превоз

декември 7, 2021

Општина Тетово времено го укина јавниот превоз во градот по само 4 месеци откако истиот беше воведен, а за којшто беа набавени и нови автобуси. Новото општинско раководство вели дека ќе треба да се среди хаосот што владеел во јавното претпријатие „Тетово Транспорт“. Се работело без да се платат придонеси за вработените, а фирмата работи […]

Порталб: Во јавниот превоз во Тетово во функција само линијата број 1

ноември 10, 2021

На граѓаните и натаму им е нејасно како сообраќаат автобусите во Тетово. Од вчера повторно има промени. Сега се скратени линиите на јавниот превоз на Тетово, односно на услуга на граѓаните ќе биде само линијата број 1, која ќе кружи на секои 15 минути од 6 часот наутро до 20 часот навечер. Директорот на ЈП […]

Скопје ќе добие студија врз чија основа би се вршеле промени на градско-приградските линии

јуни 1, 2021

Градот Скопје денеска го потпиша договорот за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје. Потребата од ваква студија се наметна заради фактот што актуелната мрежа на градско-приградските автобуски линии, според која е организиран јавниот автобуски превоз во Скопје, е направена врз основа на студија која датира од […]

Тетово добива градски превоз – пет автобуси ќе сообраќаат на три градски линии

јануари 17, 2021

Преку Проектот за подобрување на општински услуги кое Министерството за финансии го спроведува заедно со Светска банка, Општина Тетово набави пет автобуси за градски превоз во вкупна вредност од 720.000 евра. Со ова, Тетово за првпат добива јавен превоз во градот со воведување на три градски линии. На настанот за примопредвање на автобусите присуствуваа министерот […]

Владата го усвои, предлог-законот за финансирање на „трамвајот на тркала“ во Скопје оди во Собранието

ноември 18, 2020

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, информираат од владината прес-служба. Од ЕБОР побаравме кредит од 70 милиони евра […]

Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“

јули 31, 2020

Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Bus Rapid Transit – BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во […]

Нема конкретен датум кога ќе почнат да сообраќаат автобусите и возовите кон странство

јуни 4, 2020

Веќе четврти месец не сообраќаат редовните автобуски и железнички линии од земјава кон странските дестинации, а нема ниту конкретен датум кога би можело да отпочнат патувањата кон странските дестинации. Ограничувањата за премин на границите и различните услови што треба да ги задоволат граѓаните за да преминат граница на секоја одделна земја доведува до тоа превозниците […]

Од ЕБОР бараме 70 милиони евра за воведување на „трамвајот на тркала“ во Скопје

април 22, 2020

Македонската влада побарала 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на воведувањето на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје. Проектот е разгледан од ЕБОР, проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни […]

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

март 18, 2020

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат […]

Со пари од ЕБОР ќе се изработува Студија за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје

март 13, 2020

По одлуката на македонската влада за поддршка на проектот за воведување на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ќе го поддржи Градот Скопје во овој проект преку издвојување на средства од подигнатиот кредит за изработка на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во Скопје. „Целта […]

Изградбата на новиот мост над Вардар во Аеродром почнува утре

март 3, 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, придружуван од градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на Гази Баба, Борче Георгиевски, и на Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид на градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ и најави дека утре ќе почне изградбата на нов мост, во продолжение на булеварот. – Општините Аеродром, Гази Баба и Центар за помалку […]

Поради скопскиот маратон, некои автобуси в сабота по привремени траси

мај 2, 2019

Поради одржувањето на „Виз Ер Скопски маратон 2019“,  в сабота дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција, известија од ЈСП – Скопје. Линиите 25 и 59 А нема да сообраќаат во периодот од 8 […]

Приватниците со 209, ЈСП со 275 автобуси во јавниот превоз во Скопје (инфографик)

април 8, 2019

Јавниот превоз во Скопје лани функционира со 105 линии. За овие линии, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП – Скопје) пушта во сообраќај дневно, во просек 275 возила. Јавен превоз во Скопје вршат и приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, кои заедно имаат 209 возила, пренесува „Порталб.мк“. Од Секторот за сообраќај на Град Скопје објаснуваат […]

Распределени линиите за автобуски превоз во земјава и странство

јули 23, 2018

Министерството за транспорт и врски ја завршило прелиминарната распределба на автобуски линии за 2018 година. Како што стои во соопштението, 91 апликација биле поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 26 апликации биле за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 65 апликации за […]

Од утре, секој викенд на Водно без автомобили

ноември 24, 2017

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе викендов, соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Според планот, забраната ќе биде од 9 до 16 часот, а ќе важи од клучката за Сопиште и од манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила за време на викендите и на државните празници, […]

Страна 1 од 1