fbpx

Oбвинителството отвори истрага за тешката сообраќајна несреќа кај Блаце

Bо текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе дејствија, ќе сослуша сведоци и ќе нареди повеќе вештачења за целосно испитување на настанот и на причините заради кои дошло до контакт меѓу двата автомобили

-

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, информираат оттаму.

„Осомничениот 64-годишник од Скопје на 17 јуни управувал со патнички автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки на магистралниот пат Скопје – ГП „Блаце“ во насока од југ кон север. Кога дошол пред тунелот Бадар, каде сообраќајот е регулиран со сообраќајни знаци поради работа на пат, презел дејствие на претекнување на колона возила кои се движеле во ист правец. Во моментот на престигнувањето, дошло до контакт меѓу неговиот и автомобил „БМВ“ со косовски регистарски ознаки, кој се движел како трето возило во колоната која ја престигнувал осомничениот“, наведено е во соопштението.

Во Обвинителството велат дека во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе дејствија, ќе сослуша сведоци и ќе нареди повеќе вештачења за целосно испитување на настанот и на причините заради кои дошло до контакт меѓу двата автомобили.

„Како резултат на ударот, автомобилот „БМВ“ излегол од коловозот и паднал во коритото на реката Лепенец, при што од возилото успеал да излезе само еден од патниците, а телата на останатите тројца беа пронајдени следниот ден откако автомобилот беше извлечен од водата. Имајќи ја предвид возраста и здравствена состојба на осомничениот, но и потребата за негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...