fbpx

Ендрју Тејт обвинет за силување и трговија со луѓе

Браќата Тејт беа уапсени во нивниот дом во Букурешт во декември 2022 година, а обвинети се заедно со уште две лица

-

Романските власти го обвинија контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт за силување, за трговија со луѓе и за формирање на организирана криминална група за сексуално експлоатирање жени, објави Би-би-си.

Браќата Тејт беа уапсени во нивниот дом во Букурешт во декември 2022 година, а обвинети се заедно со уште две лица. Во март тие беа префрлени во домашен притвор со одлука на суд.

Според обвинението поднесено во судот во Букурешт, четворицата обвинети формирале организирана криминална група во 2021 година заради трговија со луѓе во Романија, САД, Велика Британија и други земји. Наведени се имињата на седум наводни жртви, кои велат дека биле регрутирани од браќата Тејт со лажни ветувања за љубов и брак.

Ендрју Тејт е обвинет дека силувал една од жртвите, а Тристан е обвинет за поттикнување други на насилство.

Тие веќе ги негираа обвинувањата што се наоѓаат во обвинителниот акт од страна на романското обвинителство.

Самото судење нема да почне веднаш и се очекува дека ќе трае неколку години.

Како поранешен кикбоксер, Ендрју Тејт во 2016 година беше исфрлен од британското шоу „Големиот брат“ по објавувањето на видео, во кое тој напаѓа жена. Потоа, Тејт се префрли на социјалните медиуми, иако Твитер го блокираше откако скандалозен твитер за жените кои биле цел на сексуален напад. Покрај забраните на социјалните медиуми, тој ја собра популарноста особено меѓу млади лица, поради својата лична промоција преку хипер-машкоста и ултра-луксузниот стил на живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...