fbpx

Обвинение против Рамиз Мерко за луксузното „ауди“ од 67 илјади евра

Видете колку е убаво, па каков градоначалник ви се гледам јас, да одам со фичо. Можеби требаше да земам уште поубаво возило, изјави Мерко во интервју кога го набави „аудито“ за 67 илјади евра

-

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузното „ауди“ вредно околу 67 илјади евра, соопшти на денешниот брифинг со новинарите шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Мерко се товари за злоупотреба на службената положба и овластување односно член 353 став 4 од Кривичниот законик и му се заканува затворска казна од една до пет години затвор.

Обвинението е поднесено до Кривичниот суд во Скопје, но доколку овој суд се прогласи за ненадлежен предметот, тој со сите докази, ќе биде пратен во струшкото обвинителство за по него да постапува судот во Струга.

Пред четири години обвинителството започна истрага за набавка на четири службени возила, меѓу кои и Ауди А6. Ова дојде по иницијатива на Антикорупциската комисија поднесена во 2020 година за кривично гонење на Мерко за набавката на патнички возила.

Вкупната вредност на набавените возила изнесувала 114 илјади евра, а само аудито 66 илјади евра.

Мерко е ставен и на „црната листа“ на САД, но досега за него нема поднесено друго обвинение, иако има голем број кривични пријави.

Ова е дел од интервјуто што Мерко го даде за ТВ 24, откако го набави новото ауди.

„Видете колку е убаво, па каков градоначалник ви се гледам јас, да одам со фичо?! Можеби требаше да земам уште поубаво возило“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...