fbpx

Трајковски: Трговците да ги задржат цените на ниво на стандардот на граѓаните

„Ќе видиме дали маркетите се придржуваат до одредбите на Законот за трговијата, Законот за заштита на потрошувачите, дали се тие доведени до заблуда, една цена на рафт, друга на каса, реалност на попустите и слично“, рече Трајковски

-

Државните пазарни инспектори правеле контроли и вршеле надзори во сите големи синџири маркети во државата, а целта била да се види дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Како што информира директорот Горан Трајковски, од првичните информации, имало прекршоци, но ќе се почека да завршат надзорите во целост.

Трајковски кажа дека ДПИ нема надлежност да влијае врз формирањето на пазарната цена, која ја одредуваат трговците до кои тој испрати апел да ги задржат цените на основните прехранбени производи на нивото на стандардот на граѓаните.

„Ќе видиме дали маркетите се придржуваат до одредбите на Законот за трговијата, Законот за заштита на потрошувачите, дали соодветно се води трговска евиденција, дали се тие доведени до заблуда, една цена на рафт, друга на каса, реалност на попустите и слично“, рече Трајковски.

Тој потсети дека Владата донесе мерки за да се спречи растот на цени, а ДПИ вршел проверки дали се почитуваат тие одлуки.

„Затворивме големи синџири маркети, немаше никаков компромис. Она што ДПИ го направи вчера се обемни контроли и по одлуките на Владата, што значи има прекршувања, но ќе чекам да завршат контролите до крај. Ако се прекршени, ние можеме да затвораме, од три до 30 дена. Не сакаме да казнуваме, сакаме да видиме одговорност“, рече Трајковски.

Неодамна, министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека нема да продолжат гарантираните цени на производите во маркетите од следниот месец.

Согласно владина одлука, која прво важеше до крајот на ноември мината година, а потоа неколку пати беше продолжена, по намалени цени се продаваат прехранбени производи од вкупно 24 категории. Меѓу другото, по поевтини цени граѓаните можеа да набават леб, млеко, јогурт, сирење, мелено месо, пилешко месо, тестенини, овошје, зеленчук. Со оваа одлука беа опфатени и безалкохолните пијалоци и пивото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...