вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: трговци | 23 резултати

Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, се очекува намалување на цените

13 март 2024

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Со Законот се уредуваат условите и начинот за трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, […]

Трајковски: Трговците да ги задржат цените на ниво на стандардот на граѓаните

1 март 2024

Државните пазарни инспектори правеле контроли и вршеле надзори во сите големи синџири маркети во државата, а целта била да се види дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Како што информира директорот Горан Трајковски, од првичните информации, имало прекршоци, но ќе се почека да завршат надзорите во целост. Трајковски кажа дека ДПИ нема […]

Казни од над 18 илјади евра за трговци кои не ги почитувале одлуките за замрзнување на цените

18 мај 2023

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за две недели извршил 360 надзори кај трговците за да се увиди дали ги почитуваат одлуките донесени од Владата за замрзнување на цените. Oттаму соопштуваат дека издале 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1.150.000 денари или над 18 илјади евра. Од инспекторатот информираат дека во периодот од 1 до […]

Битиќи: Трговците сè уште не ги намалиле цените на тестенините и на млечните производи, имаат рок уште два дена

14 март 2023

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања денеска изјави дека според информациите со кои располага, трговците сè уште не ги намалиле цените на тестенините и на млечните производи. Инаку, намалувањето треба да стапи во сила на 16 март, но дотогаш им беше оставен простор на трговците да се подготват и дел од нив, доколку се во […]

Трговци казнети со вкупно 15.000 евра оти не ја замрзнале цената на лебот

11 март 2023

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) претходната недела извршил 300 контроли и издал прекршочни платни налози на трговски објекти во вредност од 960.000 денари, или над 15 илјади евра. Ова на својот профил на Фејсбук го објави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. „Пазарниот инспекторат […]

Владата ги обврза производителите да произведуваат и продаваат леб, тие најавија реакција денеска

3 март 2023

Владата синоќа донесе одлука со која ги обврзува производителите и трговците на леб да произведуваат и продаваат леб по утврдената цена од најмногу 33 денари. Ваквата одлука следува откако пред два дена големите производители и трговци со леб престанаа да доставуваат леб во маркетите како реакција на „замрзнатата“ цена. Од владата велат ако не се […]

ГА-МА реагира на „Макпетрол“: Имаше доволно време да ги информирате корисниците

22 декември 2022

По соопштението од „Макпетрол“ АД Скопје денеска, дека од 1 јануари, повеќе нема да увезува и да им испорачува природен гас на неговите потрошувачи, како и поплаката од оваа компанија дека се недефинирани условите за работа за снабдувањето потрошувачи со гас, реагираше државното претпријатие „ГА-МА“ АД. Од таму велат дека во насока на либерализација на […]

Граѓаните на бесплатен број може да ги пријавуваат трговците што драстично ги зголемуваат цените

7 декември 2021

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да ги пријавуваат трговците што драстично ги зголемуваат цените на на основните прехранбени производи. Бројот е на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). „На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување […]

Наскоро ќе профункционира Гарантниот фонд, фирмите ќе можат да добијат гаранции за кредити до 500.000 евра

6 јули 2021

Во Македонија наскоро се очекува да профункционира Гарантниот фонд, којшто на микро, мали и средни претпријатија, како и на големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат со најмалку 30 отсто во вкупните остварени приходи, ќе им овозможи гаранции за кредити до 500.000 евра, информираат од Министерството за финансии. Договорот помеѓу Владата и Развојната […]

Асоцијацијата за е-трговија воведува беџ за верификуван е-трговец

26 јануари 2021

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и кои ги исполнуваат основните правила и законски прописи, од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. „Беџот ќе […]

Прилепските занаетчии претрпеа огромни штети поради состојбата со корона вирусот

21 мај 2020

Околу 350 самостојни занаетчии од Прилеп претрпеа сериозни штети поради пандемијата со корона вирусот. Дел од дуќаните сè уште се со катанци на вратите, а голем број занаетчии кои и претходно не можеа да врзат крај со крај, два месеца немаат никаков приход. „Пандемијата предизвика сериозни штети, бидејќи ситуацијата со корона вирусот ни наметна сосема […]

Трговци продавале производи со изминат рок и не одржувале хигиена во објектите

1 април 2020

Агенцијата за храна и ветеринарство, АХВ, информира дека во направените вонредни контроли кај некои трговци е утврдено дека не ги почитувале препораките на Владата и на Комисијата за заразни болести, за засилената дезинфекција на опремата и на транспортните средства и објектите. „Констатирани се пропусти и непочитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и […]

Пазарот најмногу бара трговци и продавачи

2 март 2020

Во четвртото тримесечје од 2019 година стапката на слободни работни места во државава изнесува 1,77 отсто, објави Државниот завод за статистика, про што најголем број слободни работни места, односно 3.114, има во петтата група на занимања, работници во услужни дејности и продажба, односно трговци и продавачи. Слично е и во речиси сите квартални статистички извештати […]

Народната банка започнува со објавување нови статистички податоци за картичното работење

26 декември 2019

Народната банка започнува со објавување нови статистички податоци од доменот на картичното работење коишто се поврзани со трансакциите во странство со платежните картички издадени од домашни издавачи и со трансакциите во земјата со платежните картички издадени од странски издавачи и со објавување на надоместоците коишто банките и другите даватели на платежни услуги ги наплатуваат од […]

Фиктивната конкуренција: Сложните браќа повторно ја одбраа највисоката цена на бензинот

2 јули 2019

Македонските граѓани и компании ја почувствуваа штетата од методологијата за формирање на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава со оглед на тоа што таа не поттикна ценовна конкуретност меѓу компаниите присутни на нафтениот пазар. Доказ за тоа е практиката од изминатиов период кој покажа дека трговците како сложни браќа секогаш ја избираат највисоката малопродажна […]

Дигиталното плаќање ги намалува трошоците, а ја зголемува ефикасноста на услугите

6 јуни 2018

Денеска во Охрид започна 11. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“ во организација на Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија. „Пробивот на дигиталните плаќања се врзува со многуте можности што тие ги нудат. Прифаќањето на дигитализацијата на плаќањата има потенцијал за значително намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста […]

На Саем за органски производи во Германија учествуваат 20 македонски компании

15 февруари 2018

Дваесет македонски компании учествуваат на Саемот за органски производители и преработувачи „Биофах“, што се одржува од 14 до 17 февруари во Нирнберг, Германија. Производителите, на штандот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се претстават со органски градинарски, житни, овошни, млечни и месни производи, производи од мед, диворастечки производи, органски ѓубрива и преработки на органски […]

Лу: Успехот на судските реформи во Албанија зависи од волјата на народот

6 декември 2016

На конференција за борба против корупцијата што се одржа во Тирана, амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу, изјави дека Албанците мора да имаат високи очекувања од спроведувањето на судските реформи, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија. „Судските реформи може да бидат спроведени само ако народот во Албанија има високи очекувања и барања од институциите. Албанците […]

Трговците да ги намалат цените и да не ги злоупотребуваат поплавите, одлучи Владата

12 август 2016

На предлог на министерот за економија, Владата на последната седница донела одлука највисоките цени на одделни производи, односно на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, да се вратат на нивото кои се применувало до 5 август 2016 година. Причина за донесување на оваа одлука, велат […]

Страна 1 од 1