fbpx

Фиктивната конкуренција: Сложните браќа повторно ја одбраа највисоката цена на бензинот

-

Македонските граѓани и компании ја почувствуваа штетата од методологијата за формирање на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава со оглед на тоа што таа не поттикна ценовна конкуретност меѓу компаниите присутни на нафтениот пазар. Доказ за тоа е практиката од изминатиов период кој покажа дека трговците како сложни браќа секогаш ја избираат највисоката малопродажна цена за горивата што ја формира Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа се покажа и денеска по полноќ кога стапи на сила одлуката на регулаторите за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со која цените беа зголемени во просек за 2,44 отсто.

Со одлуката на комисијата, цената на бензинот еуросупер БС – 95 се зголеми за 1,5 денари по литар и сега изнесува 68,5 денари, цената на еуросупер БС – 98 се зголеми за еден денар и изнесува 70,5 денари, а еуродизелот БС (Д-Е V) чини 61,50 денари за литар.

Како по правило сите трговци денес избраа да ги продаваат горивата по највисоките цени иако во одлуката на РКЕ пишува дека „трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени со одлуката“.

Иако досега на пазарот не се случило некој од трговците да ги продава нафтените деривати по пониска цена и на тој начин да привлече повеќе возила на бензиските станици при неодамнешната промена на методологијата за утврдување на највисоки малопродажни цени на дериватите, регулаторите наместо да воведат механизми за поттикнување на конкуренцијата решија да ја зголемат малопродажната маржа на трговците од 2,80 денари на 4,60 денари за литар гориво.

Тогаш, претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, рече дека трговците барале малопродажната маржа да изнесува 6,5 денари.

– Таа ќе биде под пет денари. Тие си ги кажаа своите барања, ние си правиме наши анализи, а ако треба да ги прифаќаме барањата на сите компании, тогаш нека нема РКЕ, секој нека си кажува какви сака цени и нека си тераат работа. Ќе направиме методологија која ќе им овозможува на трговците да остваруваат разумни профити, и тоа е во ред, немаме проблем со тоа – рече Бислимовски.

Но, тој како да подзаборави да каже дека со одлуката на регулаторите на штета на граѓаните ќе се удвојат профитите што ги остваруваат компаниите од малопродажната маржа.

Според податоците на комисијата, набавката и продажбата на нафтените деривати во земјава на крајот на 2018 година активно ја вршеле само 32 компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...