Трговци казнети со вкупно 15.000 евра оти не ја замрзнале цената на лебот

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) претходната недела извршил 300 контроли и издал прекршочни платни налози на трговски објекти во вредност од 960.000 денари, или над 15 илјади евра

-

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) претходната недела извршил 300 контроли и издал прекршочни платни налози на трговски објекти во вредност од 960.000 денари, или над 15 илјади евра.

Ова на својот профил на Фејсбук го објави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

„Пазарниот инспекторат е на терен и интензивно спроведува контроли!“, пишува тој.

Трајковски информираше и дека претходната недела Државниот пазарен инспекторат има извршено 750 надзори во трговски објекти на територијата на цела Македонија.

„Издадени се над 65 прекршочни платни налози со вредност од над 3 милиони денари“, информира тој.

Владата на вчерашната седница ги намали цените на шпагетите и макароните за 15 проценти, во однос на цените што ги имале овие производи на 1 март годинава.Понатаму, за 10 отсто се намалува цената на трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и јогурт, без додатоци.

Од ДПИ изјавија дека казните за непочитување на владината одлука за намалување на цените на тестенините и на млечните производи ќе изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од видот и големината на економскиот оператор.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...