fbpx

Се намалуваат цените на тестенините и на млечните производи

Цената на шпагетите и макароните ќе се намали за 15 отсто, од 13 март и ќе биде на сила до 31 мај, додека цената на млечните производи ќе биде намалена за 10 отсто од 17 март

-

Цената на тестенините ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а намалување на цените од најмалку 10 отсто ќе има и за млечните производи, соопштија на заедничката прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши.

Цената на шпагетите и макароните ќе се намали од 13 март и ќе биде на сила до 31 мај, додека цената на млечните производи ќе биде намалена од 17 март, и исто така ќе биде на сила до крајот на мај.

Со оглед на тоа што во земјава не се произведуваат шпагети и макарони, за овие производи се укинуваат и царинските давачки за увоз. Па така, ако со постоечките царински давачки макарони чинеле околу 49 денари, со намалувањето би чинеле околу 41 денар.

Што се однесува до млечните производи, Ковачевски соопшти за кои производи ќе се однесува намалувањето од 10 отсто. Станува збор за трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал, со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлака и јогурт, без додатоци.

„Очекуваме целосна поддршка од стопанствениците и солидарност се со цел цената да не биде на грб на граѓаните и на потрошувачите“, рече министерот Бектеши.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава владата донесе одлука за ограничување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Како што соопшти денеска министерот Бектеши, следни продукти за кои ќе се разговара за намалување на цените се шеќерот, јајцата од кокошка и оризот. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...