fbpx
Таг: замрзнување на цени

таг: замрзнување на цени

Бектеши: Ќе се забранат акции и промотивни цени во маркетите, ќе има замрзнување на цените

Ланската, кризна година најголемите синџири на маркети не само што ја завршиле позитивно, туку и со профити и зголемување на приходите, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, и објави дека Министерството за економија испратило предлог до Владата да се воведе забрана за акциска продажба и промоција на продукти од страна на синџирите маркети до 30 ноември. „Изгледа чудна одлуката,...

Казни од 2,6 милиони денари за непочитувачи на замрзнатите цени

Над 600 надзори извршил Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на измината недела, при што констатирал низа неправилности, но издал и над 110 прекршочни платни налози во вредност од 2,6 милиони денари. Издадените казни биле по законите за трговија, за финансиска дисциплина, за заштита од пушење, за угостителска дејност, за туристичка дејност, за енергетика и други. Од ДПИ информираа дека...

Казни од над 18 илјади евра за трговци кои не ги почитувале одлуките за замрзнување на цените

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за две недели извршил 360 надзори кај трговците за да се увиди дали ги почитуваат одлуките донесени од Владата за замрзнување на цените. Oттаму соопштуваат дека издале 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1.150.000 денари или над 18 илјади евра. Од инспекторатот информираат дека во периодот од 1 до 14 мај на територијата на...

Од вторник ќе се топат замрзнатите цени, увозници со фиктивни фактури за овошје и зеленчук

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција по состанокот со увозниците и комората најави дека ќе се прави корекција на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот поради фиктивни фактури кои увозниците ги прикажале пред Царинската управа. Тој појасни дека овие фактури имале за цел да создадат погрешна слика за цените на овие производи, кои генерално се увезуваат од Грција,...

Владата за 13 отсто ги намалува цените на дел од хигиенските производи

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на дел од хигенските производи, информираат од Министерството за економија. Согласно одлуката, се утврдуваат највисоки цени на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки кои се применувале на 20 март во трговијата...

Битиќи: Домашните компании ќе инкасираат повеќе од 600 милиони евра од изградбата на коридорите

Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10д, домашните компании ќе инкасираат 650 милиони евра додека нашата земја добива европски, модерни автопати, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Тој рече дека Коридорот 8 успеале да го стават во паневропските...

Трговци казнети со вкупно 15.000 евра оти не ја замрзнале цената на лебот

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) претходната недела извршил 300 контроли и издал прекршочни платни налози на трговски објекти во вредност од 960.000 денари, или над 15 илјади евра. Ова на својот профил на Фејсбук го објави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. „Пазарниот инспекторат е на терен и интензивно спроведува...

Од 800 до 10.000 евра казна ако не се почитува одлуката за цената на тестенините и на млечните производи

Казните за непочитување на владината одлука за намалување на цените на тестенините и на млечните производи ќе изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од видот и големината на економскиот оператор, соопшти Државниот пазарен инспекторат. Инаку, цената на тестенините ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а намалување на цените од најмалку 10 отсто ќе...

Се намалуваат цените на тестенините и на млечните производи

Цената на тестенините ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а намалување на цените од најмалку 10 отсто ќе има и за млечните производи, соопштија на заедничката прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши. Цената на шпагетите и макароните ќе се намали од 13 март и ќе биде на сила до 31 мај,...

Цените на тестенините од утре ќе се замрзнат, најавува Бектеши

По замрзнувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари од почетокот на март, министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините, при што тој очекува во маркетите овие производи да се продаваат по цени пониски за над 10 отсто. Бектеши денеска најави дека се во постојана комуникација со производителите на...

Бектеши: До крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините

До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување на ТВ 24. Согласно анализите на Министерството за економија, изјави тој, а од информации на производителите, цената на маслото за јадење во наредните 10...

ДПИ: 250 контроли и шест изречени казни за трговци што не продаваaт леб до 33 денари

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на 4 март изврши повеќе од 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија и констатира прекршувања на одлуката на Владата за цената на лебот кај шестмина трговци, кои добија прекршочни казни во вкупна висина од 960.000 денари, соопштија во Инспекторатот. „Она што е утврдено од надзорите и контролите е дека поголем број од трговците...

Зголемени приходи, намалени загуби – за пекарите, 2022 не била лоша година за работа

Пораст на приходите од редовните активности, зголемен профит или намалување на загубите во споредба со претходно. Компаниите од мелничко-пекарската индустрија кои котираат на Македонската берза не можат да се пожалат на лоши резултати во работењето, покажуваат финансиските резултати кои самите тие ги доставиле до берзата. Инаку, токму поголемите производители на леб донесоа одлука да престанат со производството и дистрибуцијата на...

Големите производители не носат леб, помалите ја користат шансата [фото]

Скопските маркети утрово не добија леб од големите производители на овој основен прехранбен производ. Мета.мк направи обиколка на продавниците низ неколку скопски населби и заклучокот до кој дојдовме е дека големите производители на леб, како што се „Жито лукс“, „Уни Лукс“, пекара „Диме“ и останатите фабрики, утринава не доставиле свеж бел и полубел леб до продавниците. Од претпладневната обиколка, свеж...

Бектеши: Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот

На компаниите не им се ускратува ништо, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. „Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител...

Цената на лебот се замрзнува на 33 денари, нема веќе повластена цена на струјата за компаниите

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и ја укина субвенционираната цена на струјата за компаниите. Со замрзнувањето на цената, белиот и полубелиот леб сечен на париња или цел од 450 грама, ќе биде 33 денари, а под 450 грама до 33 денари по леб во сооднос со тежината на лебот. Замрзнувањето на цената на лебот ќе важи до...

Пекарите со уцена: Ќе престанеле да произведуваат леб ако се замрзне неговата цена

Пекарската индустрија со уцена до владата откако министерот за економија Крешник Бектеши во саботата најави дека владата утре ќе донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. По денешниот состанок на компаниите од пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија тие се заканија дека ќе престанат со производството на леб, доколку стапи на...

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне на цената на лебот на 33 денари

Владата во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, по што белиот и полубелиот леб нема да смее да се продава по цена од над 33 денари. Ова ќе биде само прв чекор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства...

За една година цените на мало пораснале за 6,2 отсто, стопанството предлага мерки

Индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4,8 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6,2 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика. И кај ноември во споредба со октомври 2021 година, трошоците на живот се зголемени за 0,7 отсто, додека цените...

Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи

До крајот на јануари цените на основните прехранбени продукти нема да се зголемуваат. На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе одлука цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото место за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месото, сувомесните производи, сирењето и урдата да останат на ниво од 1 декември. Во зависност од состојбите, доколку има потреба, трањето на оваа одлука ќе биде продолжено. Замрзнувањето на цените на...

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...