fbpx

Владата за 13 отсто ги намалува цените на дел од хигиенските производи

Заедно со намалувањето, предвидено е и замрзнување на цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки

-

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на дел од хигенските производи, информираат од Министерството за економија.

Согласно одлуката, се утврдуваат највисоки цени на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало. Овие цени се намалуваат за 13 отсто.

„Оваа одлука се носи согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги предвид податоците од Царинската управа. Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24 март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85 отсто од тоалетната хартија е од увоз“, изјави министерот Бектеши.

Тој додаде и дека кај влажните марамици цената била 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во месец март 2023, додека редовната царина е 6 отсто. Цената за пелени за деца и возрасни (дајперси) се движела од 36 денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движела од 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче, при редовна царина од 6 отсто.

Министерот додаде дека одлуката за хигиенските влошки се носи поради тоа што Законот за намалување на ДДВ на овие производи сè уште не е усвоен во Собранието.

„За жал во собраниска процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто, но сè уште ова решение не е разгледано во Комисијата за финансирање и Буџет во Собранието“ кажа министерот Бектеши.

Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува од 1 април до 31 мај 2023 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...