Бектеши: До крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините

Согласно анализите на Министерството за економија, изјави Бектеши, а од информации на производителите, цената на маслото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за литар

-

До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување на ТВ 24.

Согласно анализите на Министерството за економија, изјави тој, а од информации на производителите, цената на маслото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за литар.

„Во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара со здруженијата во рамки на коморите и се земаат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Најверојатно до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините, односно за макарони и шпагети. Минималното намалување ќе биде 10% од постоечките цени на овие тестенини, според првичните анализи, но убеден сум дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи предвид дека имаме цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема да бидат повеќе од 44 денари, имаме тестенини кои се продаваат од околу 60 денари, тие нема да бидат ппвеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој дел“, изјави министерот Бектеши.

Тој рече дека одредени прехранбени компании веќе самостојно најавиле намалување на цените на нивните производи и ги повика и другите компании да го следат примерот.

„Имавме денеска најави од страна на одредени производители на основни производи за намалување на нивните цени и сакам да ги охрабрам другите производители сами да донесат одлука за налување на цените, без одлука на Влада. Во случај ако тоа не се прави самостојно, а анализите покажуваат простор за намалување тогаш, ќе донесеме одлука и за други производи, а тука генерално влегуваат млечни производи“ кажа Бектеши.

Дводневен саем за пракса и вработување на Машински факултет

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите...