Бектеши: Во вторник ќе се замрзне на цената на лебот на 33 денари

Статистичките податоци покажуваат дека во јануари 2023 година, во споредба со декември 2022 година, продолжиле да растат индексите на трошоците на живот и тоа кај месото за 0,6 отсто, а за идентичен процент поскапеле и лебот и житата

-

Владата во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, по што белиот и полубелиот леб нема да смее да се продава по цена од над 33 денари. Ова ќе биде само прв чекор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Мерката за замрзнување на цените владата ќе ја презема откако анализата на Министерството за економија покажала дека кај голем дел од компаниите од прехранбената индустрија кои користеле субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, немало намалување на цените на основните прехранбени производи.

Поради тоа, Министерството за економија испратило предлог-одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија. Мерката се однесува на компаниите кои произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи и други прехранбени продукти.

Инаку, податоците на Државниот завод за статистика од јануари 2023 година покажаа дека инфлацијата во споредба со истиот месец лани се зголемила за 17,1 проценти, а покрај раст на трошоците за живот, забележано е и зголемување на цените на мало од 13,3 отсто.

Она што дополнително загрижува е што во јануари 2023 година, во споредба со декември 2022 година, продолжиле да растат индексите на трошоците на живот и тоа кај месото за 0,6 отсто, а за идентичен процент поскапеле и лебот и житата, додека цените на рибата и морските плодови за еден месец се зголемиле за 1,6 отсто.

Неуспешен пробен лет на „СпејсЕкс“ на Илон Маск, леталото се распадна

„СпејсEкс“ ја лансираше својата ракета „Старшип“ на најновиот пробен лет вчера, но вселенското летало се распадна набргу откако се одвои од ракетниот засилувач „Супер Хеви“. Компанијата на милијардерот Илон Маск соопшти дека...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Неуспешен пробен лет на „СпејсЕкс“ на Илон Маск, леталото се распадна

„СпејсEкс“ ја лансираше својата ракета „Старшип“ на најновиот пробен лет вчера, но вселенското летало се распадна набргу откако се одвои од ракетниот засилувач „Супер Хеви“. Компанијата на милијардерот Илон Маск...