fbpx

Казни од 2,6 милиони денари за непочитувачи на замрзнатите цени

Издадени биле и казни по законите за трговија, за финансиска дисциплина, за заштита од пушење, за угостителска дејност, за туристичка дејност, за енергетика

-

Над 600 надзори извршил Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на измината недела, при што констатирал низа неправилности, но издал и над 110 прекршочни платни налози во вредност од 2,6 милиони денари. Издадените казни биле по законите за трговија, за финансиска дисциплина, за заштита од пушење, за угостителска дејност, за туристичка дејност, за енергетика и други.

Од ДПИ информираа дека постапувале и по одлуките донесени од Владата, кои се однесуваат на замрзнување на цените на одредени производи, но и за обврската на увозниците и трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. Така, по овие одлуки минатата недела биле извршени над 170 надзори, а инспекторатот издал 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,1 милион денари.

„Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлежни, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката“, велат од Државниот пазарен инспекторат.

Од таму потсетуваат дека доколку граѓаните забележат одредена неправилност или сомнеж за измама кои се однесуваат на нив како потрошувачи, истото да го пријават во инспекторатот – по електронски пат на нивната интернет-страница или преку телефон на 02/3162-341.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...